1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекорди на производителите на авиони

2005 година беше рекордна година за производителите на авиони. Тригодишната криза по атентатите од 11 сeптември 2001 година, изгледа дека е заборавена.

Авионите на Ербас - најпродавани

Авионите на Ербас - најпродавани

Боинг прв ги соопшти бројките, 1002 нарачани авиони, односно 4 пати повеќе во споредба со 2004 година, апсолутен рекорд од создавањето на Боинг.

Сепак тоа не беше доволно за Боинг да го надмине европскиот конкурент Ербас. Трета година по ред, Ербас испорачува повеќе цивилни авиони од Боинг, 378 наспроти 290. Според бројот на нарачките Ербас повторно го освои првото често со вкупно 1055 авиони. „Една од најдобрите години во историјата на Ербас“, нагласува претседателот на Ербас, Густав Хумберт.

Сепак, ако Ербас води според бројот на авионите, Боинг е прв во однос на вредноста. Задоволството на дирекцијата на Ербас е и во рентабилноста, за прв пат лани го надмина прагот од 10%, од вкупниот бруто-промет од 22,3 милијарди евра.

Рекордите на светските лидери во авиоиндустријата беа допингувани од големата побарувачка на азиските и чартер компаниите. Денес никој не се осмелува да прогнозира дали и 2006 ќе биде рекордна. Оптимистичките прогнози велат дека побарувачката на авиони за идните дваесет години ќе биде двапати поголема од денешната, односно околу 25 700 нови авиони во вредност од 2 100 милијарди долари.

Ноел Форжар, копретседателот На ЕАДС, чија филијала е Ербас предупредува:

„Не треба да бидеме опседнати секоја година со бројот на годишните нарачки, Ербас во наредните години треба да испорача 2100 авиони. Тоа се пет-шест години на производство.“

Годинава Ербас ќе треба да го испорача првиот комерцијален модел на најголемиот патнички авион во светот А380, кој ќе може да понесе околу 800 патници, иако директорот за операции на Ербас, Шарл Шампион признава дека испорачките на А-380 ќе задоцнат.

„Авионот е сложен и има многу новини, тоа е досега најголемиот патнички авион. Уште лани ги информиравме клиентите дека нарачаните авиони ќе бидат испорачани, но со задоцнување од 5-6 месеци. Целта е првиот авион да биде испорачан до крајот на 2006 на Сингапур Ерлајнс.

Паралелно пробните летови се одвиваат добро, има сеуште работа но не се откриени големи проблеми и авионите летаат секој ден“, нагласува Шампион.