1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Рекорди на натпреварот Хрватска - Ирска

Со двата гола постигнати против Република Ирска, Марио Манџукиќ беше најзаслужниот за победата на Хрватска на синоќешниот натпревар во групата Ц на „Мунисипал“ стадионот во Познањ. Хрватска победи со 3:1.

Со синоќешната победа Хрватска се наоѓа на првата позиција во групата, бидејќи претходно европскиот шампион Шпанија и Италија во Гдањск одиграа 1:1. Хрватска натпреварот го отвори во 3-та минута преку Марио Манџукиќ. Република Ирска изедначи во 19-та минута со голот на Шон Сент Леџер. Во 43-та минута „коцкастите“ преку Никица Јелавиќ поведоа со 2:1, а конечните 3:1 ги постави Манџукиќ во 49-та минута, со својот втор гол на натпреварот.

Хрватска сјајно го одигра натпреварот во Познањ, доминираше на средината од теренот, играше со многу самодоверба и на најдобар начин ги казнуваше сите грешки на Ирците.

Fussball Irland Kroatien UEFA EURO 2012

Навивачите на Ирска останаа разочарани

На овој натпревар ирскиот селектор Џовани Трапатони на 73-годишна возраст стана најстариот селектор, кој предводел репрезентација, во историјата на Европските првенства. Рекорд постигна и Марио Манџукиќ со шеститот најбрз гол во историјата на континеталните првенства. Шон Сент Леџер, во шестиот меч кој се одигра на шампионатот, стана првиот дефанзивец кој се запиша во листата на стрелците. Напаѓачот на Хрватска, Никица Јелавиќ е само вториот играч на Евертон, по Вејн Руни, кој бил стрелец за клубот и репрезентацијата.

Денеска се играат и натпреварите од групата Д. На „Донбас Арена“ во Доњецк од 18 часот е дуелот Франција – Англија, а во 20 часот и 45 минути на „Олимпискиот Стадион“ во Киев ко-домаќинот Украина игра против Шведска.