1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реконструкција на владата-вербална војна во собранието

Пратениците во Собранието на Македонија денеска дебатираат околу оставките и именувањето на министри и заменици министри во владата. Опозицијата посебно ја критикува владината економска политика.

default

Собранието на Македонија

Македонското собрание ја започна седницата за изборот на нови министри, по оставките и разрешувањето на првите луѓе во секторите за евроинтеграции, финансии, образование и земјоделство. Опозицијата ја обвини владата дека наместо да се справува со сериозните економски состојби, врши конфузни кадровски промени.

Според најавите, нов министер за финансии и потпретседател на владата треба да биде Зоран Ставревски.

Mazed.prämierminister, Nikola Gruevski im Parlament in Skopje

Премиерот Груевски во говор пред пратениците

Предлогот за промена на министерот за финансии Трајко Славески не е поврзана со негово незаконско работење или неспособност, туку поради потреба од зајакнување на таа институција, изјави пред пратениците премиерот Никола Груевски, образложувајќи го владиниот предлог за смена во ресорот финансии. Премиерот ги демантираше шпекулациите дека смената на Славески е поради некое недоразбирање помеѓу нив, како на пример склучување на аранжман со ММФ.

За нов вицепремиер за економија е предложен Владимир Пешевски, а ресорот евроинтеграции ќе го води Васко Наумовски. Ресорот образование е предложено да го води Никола Тодоров, а нов министер за земјоделство треба да биде Љупчо Димовски, со Перица Ивановски како заменик министер. За заменик министер во транспорт и врски е предложен Горан Михајловски.

Автор: АТ/ЖА/макфакс

Редактор: Жана Ацеска