1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Резултати па покана за членство

Пред да даде зелено светло за членство НАТО сака да ги види резултатите од реформите. На средбата во Рига е одлучено : Земјите кои ќе ги исполнат стандардите на Алијансата ќе добијат повик за членство на следниот самит. На тоа може да се надеваат Македонија, Хрватска и Албанија. Самитот во Рига донесе позитивни вести за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие добија покана за членство во Партнерството за

Јаап Де Хоп Шефер

Јаап Де Хоп Шефер

мир.

“Им упативме јасен сигнал на земјите кои се дел од акциониот план за членство во НАТО. Земјите кои ќе ги исполнат стандардите на Алијансата ќе добијат повик за членство на следниот самит”, изјави генералниот секретар Јаап Де Хоп Шеферна прес конференцијата по завршување на Самитот. Како и што беше најавено ова стои во завршниот документ на НАТО.

“Ги поздравуваме напорите на Албанија, Хрватска и Поранешната југословенска република Македонија во нивните подготовки за преземање на обврските и одговорноста за членство. Им препорачуваме да го зголемат учеството во меѓународните мировни операции, како и да ја зголемат регионалната соработка. На нашиот следен самит во 2008 година Алијансата има намера да им упати покана за членство на оние земји кои ќе ги исполнат стандардите на НАТО и кои ќе може да придонесат кон евроатлатската безбедност и стабилност,” се вели во заклучоците од средбата.

Македонија е пофалена за добро одржаните избори и за напорите за длабоки реформи во политичкиот, економскиот, одбрамбениот и судскиот сектор, за кои се нагласува дека мора да продолжат.

Позитивна вест во Рига добија останатите балкански земји:

“Им понудивме Партнерство за мир на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора”, изјави Шефер кој објасни зошто е многу важна ваквата одлука на сојузниците:

“ Тоа ќе помогне целиот регион да се воведе во атлантскиот сојуз. До сега имавме само земји кои беа дел од планот за проширување, а сега имаме и нови земји во Партнерството за мир. Тоа е уште еден важен чекор и доказ дека на сојузниците им е важен овој регион”. Со ваквата одлука НАТО сакаше на Србија и на Босна и Херцеговина да и даде политичка поддршка, но Шефер нагласи соработката со Хашкиот трибунал е клучна и дека Алијансата ќе продолжи да врши притисок врз Белград.

Во крајниот документ стои дека статусот на Косово мора да биде прифатен од тамошното население, како и дека се предвидува креирање на косовска војска. За германската канцеларка Меркел добро е што земјите добија шанса:

“Ме радува тоа што балканските земји, меѓу кои Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора имаат перспектива и дека нивните напори во однос на хашкиот трибунал се важни. И тука постоеше голема согласност дека не смее да им се затвори вратата за членство. Според мене ова беше многу успешен самит”, изјави германската канцеларка Меркел.

Инаку на самитот наменет за трансформација на Алијансата како главна тема се наметна сериозната ситуација во Авганистан. Во заедничката изјава стои дека Алијансата ќе остане во Авганистан се додека таму не се повратат мирот и стабилноста. И по оваа средба остануваат барањата на САД и Британија за дополнителни трупи во Авганистан. Портпаролот на британскиот премиер Тони Блер соопшти дека Канада сака да испрати дополнителни 1000 трупи, а Македонија, Бугарија и Шпанија најавиле подготвеност за испраќање на новио војници во мисијата на ИСАФ. Многу земји, меѓу кои Германија, Франција и Италија остануваат на ставот дека немаат намера за зголемување на контингентот војници во Авганистан, а Берлин повтори дека нема намера да ги прераспредели војници од северниот во немирниот јужен дел на земјата.