1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Резолуцијата – прв чекор за ставање крај на големите насилства

Германската влада апелира страните во конфликтот со планираната резолуцијата да ги запрат борбите

Ракети на Хезболах истрелани кон Израел

Ракети на Хезболах истрелани кон Израел

Планираната резолуција на Советот за безбедност на ОН е шанса за почеток на процес што би водел кон трајно решение, смета германската влада и апелира до страните во судирот во Либан со резолуцијата да ги запрат борбите и да се насочат кон трајно мировно решение. Канцеларот Ангела Меркел и либанскиот премиер Фуад Синиора во телефонски разговор се согласиле дека резолуцијата треба да биде усвоена колку што е можно побргу и со големо мнозинство. Либан, сепак, бара подобрувања во текстот што би ги опфатиле неговите залагања за моментен прекин на огнот и за повлекување на израелската армија.

Гласањето за предлог-резолуцијата е одложено токму за да можат предлагачите Франција и САД да го преработат и посилно да ги земат предвид приговорите на либанската влада. Во предлог-резолуцијата се бара од Израел и од Хезболах целосно запирање на непријателствата и се навестува испраќање меѓународни трупи во Либан.

Резолуцијата треба да биде првиот чекор за ставање крај на големите насилства, рече американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс по средбата со претседателот Џорџ Буш, кој е на одмор на својот ранч во Крофорд, Тексас. „Но, тоа е само прв чекор. Потоа треба да одиме и на втора резолуција и на формирање меѓународни сили, кои ќе можат да и’ помогнат на либанската влада да го прошири својот авторитет врз целата земја“.

Израелската влада не брза со изјаснување во врска со текстот на предлог-резолуцијата. Заменик-премиерот Шимон Перес вели: „Ова е само предлог, не и резолуција. Ќе ја причекаме целосната резолуција, пред да реагираме. Ќе причекаме уште неколку денови за првата резолуција, бидејќи по неа мора да следи и втора, која треба да биде имплементирана“.

Сирискиот минитсер за надворешни работи Валид Муалем смета дека резолуцијата не е праведна. „Оваа предлог-резолуција е рецепт за продолжување на војната, бидејќи не е фер за Либан. Второ, таа е рецепт за можна граѓанска војна во Либан, за која никој нема никаков интерес, освен Израел“ рече сирискиот министер.