1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Резолуцијата на ОН за Блискиот исток ќе остане неефикасна

Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за појасот Газа, во која од Израел се бара целосно повлекување од палестинското подрачје. Дали резолуцијата навистина може да влијае врз текот на настаните?

default

Во Советот за безбедност се дискутираше цели две недели пред да биде донесена резолуцијата за Газа

Од Израел и Хамас се бара итен прекин на огнот. Од Израел е побарано повлекување на неговите сили како и отворање на границите на појасот Газа, додека од Хамас е побарано да заврши шверцот со оружје кон Газа. На Советот за безбедност на ОН му беа потребни речиси две недели за да донесе резолуција со големо мнозинство. „Големо“, зашто САД беа единствените што беа воздржани. На големиот застапник на интересите на Израел, на тој начин, му успеа да изведе уметничко дело - во основа постои согласност со барањата во резолуцијата, но прво ќе се почека дали преговорите во Каиро, на кои претставници на Египет со Израелците и емисарите на Хамас ги разгледуваат можностите за прекин на огнот, ќе донесат резултати.

Едни едно, други друго

Проблем во текот на дискусиите на Советот за безбедност беше што едните, во прв ред Арапите, кои во Советот ги претставува Либија, бараа обврзувачка резолуција, додека другите, особено САД, сакаа донесување на општа резолуција. Но, по невидено големата ескалација во Газа во текот на изминатите денови, очигледно и Вашингтон сега смета дека е дојден моментот да се остави зад себе фазата на необврзителност и оти е време да се зборува јасно и гласно. Или во најмала рака - да се остави Советот за безбедност на ОН да зборува јасно и гласно.

Но, каков е ефектот од сето тоа? Резултатите на местото на настанот го даваат најјасниот одговор - Израел и Хамас ги продолжуваат нападите како ништо да не било. Ваквите нешта, за жал, на Блискиот Исток имаат традиција. Листата на резолуции на ОН таму е долга исто колку што е долго и досието на насилство и доколку ваквите резолуции некогаш биле почитувани, тоа се случувало дури тогаш кога една од страните, главно Израел, верувале дека ја постигнале нивната стратешка цел или кога двете страни потклекнувале од исцрпеност.

Зар и ОН?

Ваквата историја на неефикасни резолуции на ОН за Блискиот Исток е доказ за слабоста на светската

Phillipp_Peter_1.jpg

Петер Филип

организација и на меѓународната заедница. Тоа што помалите организации, како ЕУ или Арапската лига не се ефикасни е доволно депримирачки. Но, зар и ОН?

И што значи сега „обврзувачка“ резолуција? Таа може да биде обврзувачка само доколку во случај на нејзино неисполнување се заканува воведување санкции. Но, тоа не е случај. Групи како Хамас профитираат од предностите што им ги носи асиметријата на конфликтот со Израел. Хамас не е претставник на држава и изминатите две години само јасно покажаа дека санкциите против организацијата речиси секогаш го погаѓаат погрешниот, во случајов - цивилното население во појасот Газа. Наспроти тоа, Израел никогаш досега не морал сериозно да стравува од вистински санкции и такви грижи тешко дека ќе има и сега.

Изгледите нешто да се промени се мали

Официјалните претставници на Израел и натаму тврдат дека „високиот морал“ на израелските сили и на општеството воопшто, забрануваат ставање на знак еднаквост меѓу Израел и групи како што е Хамас. Иако војната во појасот Газа што ја води Израел покажува дека ова, во најдобар случај, е желба, а во најлош - евтина пропаганда. Како можат да одат едно со друго бомбардирање на цивилни цели и „висок морал“? А, нападот врз конвојот на ОН и огромното попречување на работата на Меѓународниот црвен крст и другите хуманитарни организации? Израел премногу често е во спротивност со меѓународното право. А, резолуциите на ОН без последици тука тешко дека нешто многу ќе променат.