1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Резолуцијата за Сирија на дебата во ОН

Дека во Сирија е употребено хемиско оружје е неспорно. Меѓутоа не е утврдено која од страните во конфликтот го сторила тоа. Разговорите за резолуција на ОН по ова прашање се одвиваат споро.

Претставници на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН разговараа за нацрт резолуцијата за контрола на сириското хемиско оружје. Дипломатите разговараа за документ, кој го подготвија трите западни вето сили САД, Велика Британија и Франција.

Во овој документ се обвинува сирискиот претседател Башар ел Асад дека е одговорен за употребата на хемиско оружје. Освен тоа предлог резолуцијата предвидува да се вклучи Меѓународниот кривичен суд. Тој би требало да провери дали поради сириската граѓанска војна може да се подигнат обвинувања за воени злосторства.

САД, Велика Британија и Франција се залагаат за построга резолуција со автоматски санкции вклучително и воена акција, доколку Сирија, според планираното не го уништи своето хемиско оружје. Русија е согласна со резолуција на ОН за уништување на хемиското оружје, меѓутоа бара дополнителни консултации, доколку постојат недоразбирања при спроведувањето.

Владата во Москва одбива резолуцијата да содржи закана за воени напади против режимот на Асад. Русија е најмоќниот поддржувач на владата на Асад и исто како и Кина располага со вето со кое може да ги блокира резолуциите во Советот за безбедност на ОН. Досега овие две држави повеќепати го употребија правото на вето по прашањето на Сирија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика Светската заедница да усвои силна резолуција вклучително и закани за консеквенции. Највисокото тело на ОН би морало да најде пат и да го спроведе планот за сириското хемиско оружје, кој го изработија Русија и САД, побара Бан. „Во случај да нема придржување мора да има консеквнции“, рече Бан. Документот кој се очекува на почетокот на наредната недела треба да покаже „заби“, јасно кажа Бан.