1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Резолуцијата за Северна Кореја на преработка

Силите со право на вето во Советот за безбедност на ОН и Јапонија сеуште имаат разлики во ставовите околу тоа како треба да изгледа резолуцијата за Северна Кореја. Седницата на целиот состав на Советот за безбедност, која требаше да биде одржана во среда навечер, е одложена за четврток наутро по локално време.

Кинескиот амбасадор во ОН, Ванг Гуангија

Кинескиот амбасадор во ОН, Ванг Гуангија

Американските дипломати велат дека денеска имаат намера да поднесат преработен предлог на резолуцијата, која би требало да биде донесена до сабота. Новиот предлог би требало да ги содржи најважните елементи од првиот тескт, како осуда на нуклеарната проба, ембарго за оружје и барање за преговори. Според информациите од Њујорк, веќе нема да бидат содржани предлозите на Јапонија за недавање дозвола на севернокорејските бродови и авиони да се приземјуваат и впловуваат во странските пристаништа и аеродроми. Исто така, веќе не би требало да го има предлогот за забрана на извоз на севернокорејски производи и да има збрана за патување на раководството на земјата. САД и другите земји се залагаат за санкции против Пјонгјанг кои нема да исклучуваат и примена на воени средства. Кина се противи на ваквиот предлог. Пекинг се залага и за тоа во резолуцијата да има позитивни елементи како охрабрување за дијалог и понуда за соработка.

Американскиот претседател, Џорџ Буш, на прес конференција во Белата куќа, изјави дека како последица од нуклеарната проба на Северна Кореја, САД ќе ја зајакнат воената соработка со сојузниците во регионот: “САД остануваат посветени на дипломатијата. САД исто така ги задржува сите опции да ги одбрани нашите пријатели и нашите интереси во регионот од заканите на Северна Кореја. “

Кофи Анан, генералниот секретар на ОН на заминување, вчера се заложи за директни преговори меѓу САД и Северна Кореја:“Секогаш велев дека треба да се разговара со страните чие однесување сакаме да го промениме, врз чие однесување сакаме да влијаеме. Оттука, сметам дека САД и Северна Кореја треба да разговараат.“

Анан уште додаде: “Ќе ургирам до властите на Северна Кореја да не придонесуваат за натамошна ескалација на ситуацијата. Веќе имаме исклучително тешка ситуација.“

Инаку, генералниот директор на одделот за нуклеарна технологија во Министерството за наука на Јужна Кореја, Ли Мун Ки, изјави дека неговата земја не регистрирала зголемени вредности на радијација по извршената нуклeарна проба на Пјонгјанг. Според него, зголемена радиоактивност не е измерена ниту над просторот каде што се претпоставува дека е извршена пробата. Ли Мун Ки сепак не соопшти како се направени мерења во Северна Кореја.