1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Резолуцијата за Македонија усвоена во ЕП

Европскиот парламент со големо мнозинство ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година. Со неа се бара почеток на преговори за членство во Унијата на Македонија во јуни годинава.

За резолуцијата предложена од Британецот Ричард Хауит, гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани. Со оваа резолуција ЕП уште еднаш јасно побара од Советот на Европската унија почеток на преговорите со Република Македонија во јуни годинава.

При гласањето беа усвоени дел од амандманите поднесени од Јелко Кацин и Норица Николаи (Група на Либерали и Демократи), додека отпадна амандманот на Корнелисен за грчкиот предлог за името како основа за преговори и тој на Чарлс Танок, кој бараше да не се именуваат посебно „граѓаните со бугарски идентитет“ во делот од Резолуцијата каде се охрабрува преземањето мерки за надминување на поделбите по етничка и национална основа.

Претходно, на Мешовитиот парламентарен комитет македонските и европските парламентарци едногласно ја усвоија заедничката декларацаија, што е прв случај во досегашните 11 состаноци, а која се совпаѓа со текстот на Ричард Хауит.