1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Резолуцијата е нова етапа во дијалогот Приштина-Белград

Официјална Приштина тврди: српската платформа за Косово никогаш нема да се најде на маса во Брисел. Аналитичари велат-се оди во фаза кога Белград од борба против Косово ќе премине на борба за правата на Србите во Косово.

Резолуцијата за Косово усвоена во српскиот Парламент е наменета за внатрешна употреба, вели заменикот премиер на Косово Хајредин Кучи. Тој подвлекува дека барањето содржано во Резолуцијата за автономија на српските општини, нема да биде тема на дијалогот во Брисел. „Ќе ја третираме само како хартија за внатрешна употреба. Платформата на Србија не е на масата за преговори и нема и да биде. Тоа е како кога ние би направиле платформа за Прешево. Тие тоа го наменија за внатрешна употреба и да ја стават пред свршен чин повеќе меѓународната заедница, отколку нас“, вели Кучи.

Истовремено, политичкиот аналитичар Љеон Маљазогу смета дека Резолуцијата која ја усвои српскиот Парламент нема да му пречи на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ во Брисел. Маљазогу за ДВ нагласува дека имало одредени промени во текстот на платформата според која е усвоена Резолуцијата за Косово и дека тие промени се позитивни.

„За внатрешните потреби на Србија таа платформа отвора можности за властите во Белград за нивно поконструктивно вклучување во дијалог со Приштина. Мислам дека Белград од овој момент повеќе ќе се фокусира на тоа да се избори за правата на Србите во рамки на косовските институции. Ова

Serbien Parlament von Belgrad

Парламентот во Белград ја усвои Резолуцијата за основните принципи за политички разговори со Приштина

некако е и нова етапа кон тоа Белград конечно повеќе да ја отфрла можноста да се бори против Косово, а повеќе за полека да се избори за правата на Србите внатре во Косово“, вели Маљазогу.

Автономија за косовските Срби?

Коментирајќи го делот од Резолуцијата во кој се бара автономија за косовските Срби, аналитичарот Маљазогу истакнува дека српските општини на Косово веќе сега имаат висок степен на автономија. Според неговите зборови, тоа им припаѓа и со Уставот на Косово и со планот на Ахтисари. Според Маљазогу, останува да се реши и прашањето на српските општини на северот на Косово:

„Во принцип, Приштина беше и ќе биде конструктивна што се однесува до механизмите за заштита на Србите на северот и насекаде, но мислам дека не е добро да се зборува за етикети, за тоа дали тоа е специјален статус, автономија или пакетот на Ахтисари. Мислам дека меѓународната заедница има најдобар метод за секоја точка да се разгледа посебно и кога тој процес ќе заврши ќе го имаме посакуваното ниво на заштита на Србите на Косово, а како тоа ќе го наречеме, на крајот и не е толку важно“, заклучува Маљазогу.