1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Режисерот на Титаник се спушти во најголемите морски длабочини

Канадскиот филмски режисер Џејмс Камерон (58) синоќа се спушти до најдлабоката точка на планетата Земја, 11 километри под површината на Тихиот Океан.

Режисерот на „Титаник“ и „Аватар“ се спушти на оваа длабочина во водите на океанот користејќи ја специјално дизајнираната подморница „Дипси Челенџер“. Камерон планира да помине шест часа истражувајќи и снимајќи ја Маријанска бразда, зоната која се наоѓа 320 километри југозападно од пацифичкиот остров Гуам. Пред него, ваквиот потфат им успеал само на швајцарскиот инженер Жак Пикар и американскиот поморски офицер Дон Волш, кои во 1960 година минале 20-тина минути на истата точка, но не успеале многу да видат бидејќи нивната подморница собирала премногу песок од морското дно.

Џејмс Камерон уште од детство е страстен љубител на океанографија и веќе 72 пати се симнувал на големи длабочини, од кои 33 пати се спуштал до остатоците на „Титаник“ за потребите на својот филм, снимен во 1997 година.