„Режимот во Иран може да преживее само со репресија“ | Свет | DW | 03.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Режимот во Иран може да преживее само со репресија“

По повеќедневни протести во Иран, состојбата е тензична. Во интервју за ДВ експертот Пауло Казака вели дека теократскиот режим во Иран е меѓународно изолиран и може да преживее само со репресија.

Дојче веле: Многу демонстранти во Иран се разочарани од економската состојба. Има ли, според Вас, други причини кои ги вадат луѓето на улица?

Пауло Казака: Економските проблеми го поттикнаа протестното движење, кое брзо постави и други барања - имено, смена на режимот, крај на теократијата и воведување демократија.

Сметате ли дека протестното движење ќе доведе до пад на теократскиот режим?

Да, тоа може да се случи. Режимот се доведе во ќорсокак од каде нема излез. Земјата е комплетно изолирана, а надвор од земјата конзервативната револуција важи за неуспешна. Режимот може да преживее само со засилена репресија. Прашање е - дали режимот, и покрај тоа што не е омилен, ќе успее да се одржи на власт, како што е случајот со Ирак или Сирија.

Демонстрантите бараат и поголеми права за жените. Како го оценувате тоа?

Непријателскиот став кон жените е белег на конзервативната форма на исламот, како што е примерот со вахабистите во Саудиска Арабија. Но и модерни исламистистички движења, како Муслиманското братство или иранското шиитство се против давање поголеми права на жените. Отпорот кон непријателството кон жените е фундаментална структурна сила која е предизвик за сите форми на исламот. Тоа важи и за Иран.

Иранските хардлајнери обвинуваат дека со протестите оркестрираат САД. Каква е улогата на Вашингтон?

Тоа е стара, позната реторика кога и режимот да се соочи со граѓански протести. Обвинувањето за американска интервенција не може да се сфати сериозно.

Какви можности има иранскиот претседател Хасан Рохани за да ја врати ситуацијата повторно под контрола? Сметате ли дека во актуелната ситуација неговата главно умерена влада би можела да биде најголем губитник?

Претседателот Рохани и иранскиот народ одат по разделени патишта. Мислам дека тој веќе ја изигра својата веродостојност во земјата и нема влијание врз тоа дали сега ќе дојде до репресии или не. Чуварите на револуцијата во Иран се сосема независни од претседателот Рохани. Тие се контролирани од највисокиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Пауло Казака е основач на Јужноазискиот демократски форум (САДФ) во Брисел. Тој од 1999 до 2009 година беше член на Европскиот Параламент. Португалецот Казака е извонреден познавач на Иран и има издадено повеќе книги од сферата на меѓународната политика.

DW.COM