1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ред охрабрување, ред критика

Македонија напредува добро во исполнувањето на условите за либерализација на визниот режим со ЕУ, но за да се почнат преговори за влез во Унијата потребни се уште реформи, е последната порака од Брисел.

default

Вицепремиерот Ивица Боцевски и шеф дипломатот Антонио Милошоски со еврокомесарот Оли Рен

Потребни се суштински реформски напори во исполнувањето на осумте клучни критериуми од страна на Македонија, за земјата да може да почне преговори за членство во ЕУ, порача еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Брисел по средбата со вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Според еврокомесарот мора да се преземат мерки со кои ќе се осигура дека во Македонија ќе се одржуваат демократски избори без инциденти како до сега. Рен побара владата да обезбеди и функционирање на демократските институции како и политичкиот дијалог во земјата. Еврокомесарот Оли Рен оцени и дека Македонија добро напредува во делот на визна либерализација.

Како што информираа од Сектератијатот за европски прашања, потпретседателот на Европската комисија Жак Баро, на средбата со Боцевски најавил дека Македонија може да очекува укинување на визите во текот на 2009 година.

DW.COM