1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Редок воздух за менаџерките во германските концерни

Борбата за законска квота за жените во Германија ја иницираше една адвокатка. Нејзината иницијатива доби прво поддршка од Здружението на правнички, а подоцна и од владата во Берлин.

default

Едно утро Мехтхилд Дизинг во поштенското сандаче најде уште една покана за годишно собрание на акционери во еден голем германски концерн, каде и таа е делничар. За разлика од претходните покани, кои најчесто завршуваа во корпата за отпадоци, адвокатката Дизинг се реши овојпат да оди на собранието и притоа да го конфронтира раководството на концернот со фактот дека и во неговиот управен одбор седат безмалку само мажи.

Храбри настапи пред акционерите

И така почна целата акција, бидејќи наскоро и` се придружија колешките од Здружението на правнички. При првите настапи на акционерските собранија не им беше лесно, иако тие имаат пракса во јавни настапи во судски процеси. Излегувањето на говорница пред илјадници акционери на најуспешните германски концерни беше сепак поинакво искуство. Тие раскажуваат дека реакциите биле различни. Неретко се случувало да добијат дури аплауз поради добро подготвените статистички податоци и аргументи за донесување законска квота за учество на жените во управните и надзорните одбори на големите концерни.

Volkswagen

Но, исто така се случувало да предизвикаат огорчени реакции и силен отпор, а понекогаш имале и проблеми да ја надминат незаинтересираноста на акционерите за проблемите на жените, за недостатокот на места за целодневен престој во градинките и училиштата, или за дискриминацијата на жените по родова основа.

Први плодови

Сепак, наскоро станало јасно дека покажаниот цивилен кураж на адвокатките и нивниот реторички талент вродуваат со плод. Претседателката на здружението на германските правнички Јута Вагнер објаснува дека по некое време германскиот Телеком демонстративно најавил вклучување на жени во раководните тела. Ваквиот пример брзо се расчул меѓу топ-менаџерите на големите концерни, исто како и фактот дека на годишните собранија систематски се поставуваат прашања за учеството на жените. „По околу седумдесетина такви настапи на годишни собранија, менаџерите сфатија дека не можат да не` одбегнат и дека ние сигурно ќе се појавиме на следното годишно собрание на акционерите од нивниот концерн“, појаснува Јута Вагнер.

Смекнати делничари

Менаџерите веќе подолго време не го негираат фактот дека во Германија има доволен број квалификувани колешки, на кои местото може да им биде во раководните тела на концерните. Но, во пракса ваквите промени тешко се спроведуваат, објаснува Катрин Ото од Здружението на правничките.

Deutschland Siemens Hauptversammlung in München Gerhard Cromme

„Папата“ на германските топ-менаџери, Герхард Кроме, зборува на собранието на акционерите на концернот Сименс во Минхен

Таа била позитивно изненадена од реакцијата на околу две илјади акционери на концернот Сименс, од кои големо мнозинство биле мажи. „Се чинеше дека за овој проблем веќе станувало збор на претходните акционерски собранија“, вели Катрин Ото и пренесува дека повеќемина од искусните постари господа подоцна и` пришле и и` раскажале дека и тие имаат ќерки кои се соочуваат со истиот проблем во кариерата. Таа тврди дека токму тој факт ги смекнал инаку конзервативните ставови на акционерите, кои инаку се интересираат пред се` за зголемување на дивидендата.

Уште не е време за славење

Катрин Ото меѓутоа предупредува дека битката уште не е добиена. Имено, во исправноста и неопходноста на законската квота за жени треба да се увери и „папата“ на германските топ-менаџери - Герхард Кроме. Тој е претседател на Управните одбори на повеќе германски концерни и се смета за најмоќен меѓу топ-менаџерите на домашната сцена. Кога забележал дека адвокатките доаѓаат на секое годишно собрание на големите концерни, тој бил видно револтиран. Сепак, Управниот одбор на Сименс, каде и тој седи во управниот одбор, од јули 2010 во својот состав има уште една жена - гордо посочува адвокатката и активистка Катрин Ото.

Автор: Хенриете Вреге / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски