1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Редовна средба на Меркел и Саркози

*

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот Претседател Никола Саркози, денеска во Мезеберг крај Берлин ги одржаа редовните меѓувладини консултации. Како теми на дневниот ред се најдоа ситуацијата на Блискиот исток, во Авганистан и на Косово, соопшти владиниот портпарол Томас Штег. Меркел и Саркози во Мезеберг се договорија и да покренат иницијатива за поголема стабилност на финансиските пазари. ЕУ треба да најде мерки за да спречи шпекулантите да ги уништуваат меѓународните финансиски механизми – порача Меркел по средбата во Берлин.