1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Редовна средба на Меркел и Саркози

*

Канцеларката Ангела Меркел и претседателот Никола Саркози, денеска во Мезеберг крај Берлин се состануваат на редовини германско – француски консултации. На разговорите ќе се разгледа ситуацијата на Блискиот исток, во Авганистан и на Косово, соопшти владиниот портпарол Томас Штег. На состанокот ќе се дискутира и за неодамнешната фузија на двата француски концерна Гас де Франц и Суец. Тема во Мезеберг ќе бидат и турбуленциите на финансиските пазари. На состанокот ќе учествуваат и двајцата министри за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и Бернар Кушнер.