1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Рединг: Хрватска ја изневери довербата

Потпретседателот на ЕК Вивијан Рединг оценува дека Хрватска „сериозно“ ги прекршила правилата со измените на законот за европскиот налог за апсење и најави санкции.

default

Вивијан Рединг - ЕУ Комесар

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Вивијан Рединг изјави дека со измените на законот за европскиот налог за апсење, Хрватска ја изневерила довербата од Унијата и дека поради ова набрзо ќе следат санкции. Измените на законот Загреб ги направи во последен час, само три дена пред да стане полноправна членка на Унијата.

Според Рединг, со ова Хрватска „сериозно го прекршила законот, но најсериозно од сѐ е тоа што земјата ја изневери довербата“. Таа истакнала дека била „вистински пријател“ на Хрватска и дека лично се залагала земјата да стане членка на ЕУ, работејќи на тоа веќе три години со повеќе влади. „Тоа беше прашање на доверба. Можете да замислите како ни беше кога законот на само три дена пред пристапувањето беше унилатерално променет“, изјавила Рединг по дебатата со граѓаните на Трст околу иднината на Европа, начините за излез од кризата и човековите права.

„После многу предупредувања и писма од претседателот на Комисијата, Баросо, јас и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во петок го известивме колегиумот за ова прашање и добивме целосна поддршка за идните акции“, рекла Рединг, додавајќи дека мерките ќе бидат преземени „за брзо време“.

Хрватскиот министер за правда Орсат Миљениќ во меѓувреме најави дека измените на законот за европскиот налог за апсење, попознат како „Лекс Перковиќ“, ќе се најдат пред хрватската влада во четврток, а ќе стапат на сила на 15-ти јули 2014-та година. Коментирајќи ги најавените санкции против земјата, Миљениќ оценил дека тие се невтемелени и дека „санкциите како такви не постојат, туку само постои можност за преземање на одредени мерки“. Хрватскиот министер потенцира дека владата во Загреб својот оптимизам го заснова на тоа што бара ист третман и пристап како што тоа било случај во исти случаи со некои други земји.