1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Регистарот за оружје ќе донесе поголема безбедност?

По случајот во Карлсруе, каде еден човек уби четворица и се застрела самиот, во прв план повторно исплива регистарот за оружје во Германија и прашањето - дали со него состојбите ќе се променат?

Германскиот Бундестаг на 26 април 2012 година донесе заклучок за создавање Централен регистар за оружје. Во него треба да се содржани информации од речиси 600 служби кои издаваат дозволи за оружје во Германија. Со иницијативата всушност се спроведува пропис на ЕУ. Европските насоки за оружје ги обврзуваат сите земји членки до крајот на 2014 година да имаат регистар кој постојано ќе биде актуелен. Германија сака да создаде ваков регистар две години пред истекот на рокот.

Датумот на донесување на заклучокот беше симболичен - точно на десетгодишнината од масакрот во гимназијата во Ерфурт, во кој еден 19-годишен ученик уби 12 наставници, една секретарка, еден полицаец, двајца ученици и на крајот се уби себеси. Германија по масакрот беше во шок и почна сериозна дискусија за заострување на правото на поседување оружје.

Регистарот би требало на германските власти да им пружи увид во евиденцијата на околу десет милиони парчиња оружје кои се во приватен посед. „Националниот регистар овозможува класифицирање на оружјето, а пружа и

Amoklauf in Erfurter Schule - eine verletzte Schülerin

Масакрот во Ерфурт во 2002 година отвори многу прашања

увид во дозволите за поседување оружје, исклучоците, уредбите, запленувањето и забраните за оружје за одредени лица“, се вели во предлог законот. Информациите во одделни случаи треба на властите да им се стават на располагање многу бргу. На тој начин, незаконското поседување оружје многу полесно може да биде откриено, а во сериозни случаи се олеснува и анализата на ситуацијата и опасноста што од нејзе прoизлегува. Министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих го фали предлог законот и тврди дека тој „дава нов квалитет“. Сепак, Фридрих признава дека законот сам по себе не може да спречи масакри. Тоа, на пример, го докажуваат крвавите масакри од 2002 во Ерфурт и 2009 година во Виненден. Едниот од извршителите беше вооружен со „памп ган“ и „глок 17“, пиштол со голем калибар кој го употребуваат специјалците, но кој исто така често може да се види во телевизиските серии. Тој оружјето го купил со фалсификувани документи. Извршителот на масакрот во Виненден пак, го употреби оружјето од татко му, кој бил спортски стрелец.

Заострен закон за оружје

Од трагичните настани во Ерфурт и Виненден, одредбите за поседување оружје се повеќе пати менувани. Спортските стрелци оттогаш смеат да поседуваат оружје најрано од својата 21-ва година, наместо како досега на 18-годишна

Deutschland Diskussion um Waffenrecht

возраст. Освен тоа, кај ловците старосната граница е покачена од 16 на 18 години. Стрелците кои се под 25-годишна возраст се проценувани од страна на психолози. Заострени се и прописите за чување на оружјето. Властите можат ненајавено да тропнат на врата на сопственик на оружје и да направат контрола на тоа каде тој го чува оружјето.

Заострувањето на законот меѓутоа не ја допира употребата на оружје од голем калибар за спортски цели и во слободно време. Претседателот на полицискиот синдикат Бернард Витхаут сепак, е задоволен со законите. Тие се диференцирани и имаат доволно остри мерки, вели тој, иако признава дека нема доволно персонал за спроведување ненајавени контроли во домовите на сопствениците на оружје. Претседателската на „Сојуз за акција Масакр Виненден“, Гизела Мајер, критикува дека законите не се доволни. Создавање на Централен регистар за оружје, според нејзе, е нешто што се подразбира само по себе.