1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Регион без граници со членство во ЕУ

Решенијата за билатералните прашања во ЈИЕ не се во ирационални политики за исцртување нови граници, туку во обединување и соработка на регионот, констатираа во Скопје шефовите на дипломатите на Македонија и на Албанија.

default

Министерство за надворешни работи - Скопје

„Надминувањето на билатералните проблеми, етничките или граничните во регионот на ЈИЕ, треба да се одвива на истиот начин на кој беа надминати проблемите меѓу земјите основачи на ЕУ по Втората светска војна. Тогаш не се реконструираа границите и не се градеа ѕидови, туку истите стануваа неважни, бидејќи Европа се обединуваше и градеше на економски план. Затоа, решението не е во ирационални

Ilir Meta

Илир Мета, министер за надворешни работи на Албанија

политики, туку во обединување и соработка во регионот, во кој границите нема да бидат важни. Затоа ни‘ треба поддршка од ЕУ на сите земји во регионот, за да станеме дел од успешниот европски проект“, рече македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање - како ги оценува идеите за можна поделба на Косово и дали таа ќе влијае за рекомпонирање на границите.

Албанскиот министер Илир Мета, меѓу другото, ja поздрави, како што рече, мудрата политичка одлука на Македонија да го признае Косово и посочи на изјавата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон дадена по мислењето на МСП, дека почнува нова фаза во регионот односно иднина која значи бришење на границите, а не и градење нови.

Македонија останува посветена на изнаоѓање решение за спорот со името

Министерот Милошоски запрашан во врска со спорот за името истакна оти на состанокот на Советот за

Antonio Milo mazedonischer Außenminister

Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Македонија

стабилизација и асоцијација во Брисел го повторил македонскиот став дека земјата останува посветена на изнаоѓање заемно прифатливо решение. „Република Македонија останува посветена со добра волја и намера да ги продолжи разговорите во македонско-грчкиот дијалог за надминување на билатералниот спор. Што поскоро се надмине ова ирационално билатерално прашање, толку подобро ќе биде и за двете земји и за целиот регион, а таа енергија ќе може да се искористи продуктивно во рамките на европските интеграции. Мислам дека решавањето на македонско-грчкиот спор не го ограничуваат рокови, туку го ограничува најчесто недостатокот на политичка волја и прагматизам, или инсистирање на одредени ирационални позиции кои се тешко разбирливи во 21 век“, рече шефот на македонската дипломатија.

Министерот Мета, од своја страна, искажа надеж за што поскоро решавање на спорот за името, со што, ќе се деблокираат евроатлантските интеграции на земјата.

Албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета, во рамки на посетата на Македонија, се среќава со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.

Автор: АТ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска