1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Регионална акција против наркодилери

Во меѓународната полициска акција за разбивање на синџир на наркодилери, уапсени се 57 лица во БиХ и Црна Гора. Запленети се 350 килограми од дрогата сканк.

default

Портпаролот на министерството за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Шоја, соопшти дека во Република Српска се уапсени седум лица, во Федерацијата Босна и Херцеговина шест, во Црна Гора 17 лица, а порано, во рамки на истата акција биле уапсени седум лица во Република Српска и 20 во Црна Гора.

Во рамки на акцијата „Трио“, припадниците на полицијата во Република Српска извршиле претрес на десет локации, додека во федерацијата БиХ е извршен претрес на девет локации. Претреси се извршени и на подрачјето на Црна Гора и Албанија.

Oрганизираната криминална група пренесувала сканк од Албанија, преку Црна Гора, на територија на Босна и Херцеговина и ја дистрибуирала во Хрватска.

Автор: ЕМФ/фена/бета

Редактор: Ж. Ацеска