1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Регионалната криза за струја ја демне и Македонија

Не се исклучува можноста до крајот на годинава да има интервентен увоз на струја. Поради намалениот доток на вода под прашање е капацитетот на хидроелектраните за производство на потребната количина електрична енергија.

default

Од АД Електрани на Македонија велат дека во споредба со лани, дотокот на водите е помал за дури 70%. Доколку продолжи ваквиот тренд ќе мора да се прави интервентен увоз: „Засега ЕЛЕМ има увезено струја на ниво од лани, а се очекува истиот да се надмине доколку сушата продолжи“, изјави Мирче Котевски портпарол на ЕЛЕМ.

Инаку по примерот на Србија и енергетските компании во Македонија апелираат граѓаните да штедат струја. Зголемената побарувачка на струја во регионот ќе ја зголеми и пазарната цена. Засега само Бугарија е земјата која не само што нема недостиг од струја, туку и бележи рекорден извоз. Ваквата ситуација според експертите би значело дека земјите од регионот вклучително и Македонија ќе мора да купуваат поскапа струја, што во крајна линија ќе се одрази и врз цената која ја плаќаат граѓаните.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Ж.Ацеска