1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Револуција на пазарот на книги?

Во Франкфурт на Мајна е отворен традиционалниот Саем на книгата. Се очекуваат повеќе од 300.000 посетители и голем број литературни ѕвезди, а ќе има и многу разговори за иднината на печатените книги.

Кога за неколку денови на едно место ќе се најдат 7.300 издавачи од над 100 земји, тоа значи дека ќе има добар материјал за разговор. Посебно кога темата е толку деликатна како што е продажбата на книги. На годинешниот Франкфуртски саем на книгата кој се одржува од 10. до 14. октомври се очекуваат околу 300.000 посетители. Оваа манифестација и во бурните, дигитални времиња и понатаму е најголема од овој вид во светот. Многу набљудувачи веќе долго го сметаат за медиумски саем, голем културен настан, но се’ уште печатената книга е во центарот на вниманието, иако постојано се појавуваат многу нови конкуренти.
Луѓето се уште одат во книжарници
На издавачите не им оди премногу добро. Изминатата година германскиот пазар забележа пад на продажбата од 10 милијарди евра. Ова е прв пат во 7 години да е забележан благ пад на продажбата. Класичните книжарници се се’ уште посетени, но Германците се’ почесто купуваат книги и од интернет. Многу издавачи се под притисок. Најголемиот конкурент на обичната печатена книга е електронската книга. Многу автори ги објавуваат своите текстови на интернет: самопромоцијата е магичен збор на денешното време.

Messegelände in Frankfurt am Main

Саемскиот комплекс во Франкфурт на Мајна


Сето ова ќе биде тематизирано на годинешниот саем во Франкфурт. „Интернетот е историски чекор меѓу културата на печатени и културата на дигитализирани книги“, пишуваше неодамна еден голем дневен весник во Германија. Нема сомнение дека издавачката бранша е пред пресврт, но мислењата во кој правец ќе се оди се различни. Некои факти се јасни: електронските книги се’ повеќе ќе го заземаат пазарот. Се’ останато е шпекулација.
Децата и младината- мерило на иднината
Во Франкфурт се планирани околу 300 манифестации. Се очекуваат 1000 писатели, меѓу кои и популарни автори како Ричард Форд, Херта Милер и Мартин Валзер. Околу тркалезните маси се водат разговори за иднината на книгата, а особено внимание се посветува на книгите за деца и за младинци. На ниедно друго место обичните и дигиталните книги не се поврзани како кај тие книги, кажува директорот на саемот за книги Јирген Боз. Важна улога имаат и стриповите, а важни се и поимите како „кроуфандинг“ (crowfunding – кога авторите бараат од читателите да ги финансираат преку интернет) или „фанфикшн“ (fanfiction –жанр кој се развил на интернет, а чиј предвесник се популарните романи како серијалот Хари Потер).
За разлика од Америка каде што издавачките куќи веќе сериозно почнале да заработуваат на електронските книги и каде од тие формати изминатите години е заработено повеќе отколку од печатените книги, во Германија традиционалните издавачки куќи и натаму имаат свое место под сонцето.
Сценарио како во Америка?
Сепак, прашање на време е кога и во Германија ќе дојде до сличен развој на настаните како во Америка. Но тоа нема да биде така брзо, и покрај желбите на ентузијастичката младина од светот на дигиталните книги. Уделот на електронските книги на германскиот пазар се’ уште изнесува еден до два проценти.

Messegelände in Frankfurt am Main

Во халите на Франкфуртскиот саем на книгата

Многу апарати (електронски читачи на книги) кои се појавија на пазарот во изминатите години, не предизвикаа револуција кај германските читатели. Многу експерти веќе укажуваат на крај на уредите за читање на електронски книги како „Киндл“ (Kindl) на компанијата „Амазон“ ли пак „и ридер“ (eReader) на компанијата „Сони“. Од пазарот ги истиснуваат многубројните таблет компјутери и смартфони.
Логично е дека во времето на најголема криза, главна тема на годинешниот саем е глобалната дигитална револуција. Традиционалните издавачи мораат да пронаоѓаат нови начини да ја задржат продажбата, најчесто во посредство на социјалните мрежи на интернет и макетинг методите. Во меѓувреме, расте бројот на новите изданија во Германија. Минатата година на пазарот се појавиле 82.000 нови изданија. И уште нешто, многу индикативно- компанијата Икеа, која произведува мебел, планира да ги намали димензиите на своите полици за книги.