1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Револуцијата е како тесто“

Зинедин ел Абидин Бен Али во Тунис владееше повеќе од 20 години со железна тупаница. Во јануари 2011 година побегна од земјата. Сепак, на граѓаните на Тунис и две години по крајот на неговото владеење, не им е до славје.

Патот до демократија е потежок отколку што Тунижаните мислеа и се надеваа по бегството на деспотот на 14 јануари 2011 година. Граѓаните на крајот на 2010 и почетокот на 2011 година четири недели протестираа на улиците за слобода и демократија, но многу проблеми се присутни и две години потоа. Ситуацијата „би можела да биде подобра“, смета студентот Мохамед. „Има многу општествени и политички проблеми. Ако владата и опозицијата соработуваат, тогаш ќе тргне напред.“

Но владата не може да се справи со проблемите во земјата, пред се‘ економските. Економијата страда се‘ уште од последиците на револуцијата. Многу туристи поради страв од немири не доаѓаат, а странските инвеститори станаа попретпазливи, затоа шти штрајковите и уличните блокади се постојано на дневен ред и тоа го запира производоството во фабриките. Невработеноста, според официјалните податоци, изнесува 17 проценти и е повисока отколку пред револуцијата. Во некои региони, особено во внатрешноста на земјата, речиси половината од населението е без работа, а околу 40 проценти од апсолвентите на факултетите се исто така во потрага по работа.

Proteste in Tunesien

Во Тунис се протестира постојано

Празни паричници

Тунижаните ги забележуваат последиците од кризата секојдневно во своите паричници. Тие се се‘ попразни, затоа што цените на прехранбените производи се превисоки. Инфлацијата изнесува околу 6 проценти. Веќе три месеци речиси воопшто нема млеко, а компирите и месото се толку скапи, што многумина веќе не можат да си ги дозволат. Тензичната ситуација постојано ги тера луѓето на протести. И адвокатката Хајат Јазар демонстрира пред парламентот за да ја искаже својата лутина. Таа се жали дека во Тунис не функционира ништо. „Нема праведност и нема работа. Барањата на населението ни оддалеку не се исполнети, освен слободата на мислење.“

Владата пак, која е под раководство на умерената исламистичка партија Енахда, прави се‘ за да го замолчи населението, на пример со судски процеси против „непријатните“ новинари и блогери. „Вака набргу ќе имаме повторно режим како во времето на Бен Али“, вели адвокатката Јазар.

Непосредно по револуцијата демонстрантите бараа нов устав за да се прекине дефинитивно со старите диккаторски структури. Во октомври 2011 година, на првите слободни избори во Тунис, е избрано Уставно собрание кое на земјата треба да и‘ ги даде новите законски рамки. Тие требаше да бидат готови во рок од една година, но на пратениците им е потребно повеќе време отколку што се мислеше.

Symbolbild zum Thema Wahlen in Tunesien

Ако се одржат нови избори, ситуацијата можеби ќе се подобри, се надеваат граѓаните

Граѓаните не губат надеж

Студентот Мохамед ја следи работата на народните избраници со внимание. Тој е разорачан од нив. „Пратениците се караат за споредни работи, кои не го погодуваат тунискиот народ. Тоа е чиста партиска политика. Ако уставот биде донесен за две, три години и ако се одржат нови избори, тогаш ситуацијата во Тунис сигурно ќе се подобри“, се надева тој.

И адвокатката Хајат Јазар не ја губи надежта. Се‘ додека граѓаните се борат за своето мислење, ништо не е загубено. „Револуцијата е како тесто - трае малку додека стаса, но ќе стаса.“