1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Револтот во Русија продолжува на интернет

Со денови голем број Руси протестираат против исходот на изборите. Во саботата десетици илјади демонстрираа ширум Русија, а секојдневно илјадници преку интернет изразуваат сомнеж во победата на владејачката партија.

default

Путин е во фокусот на протестите

„Засрами се“ , „Не ти веруваме“. Меѓу интернет корисниците во Русија владее немир. Причина за тоа е најавата на претседателот Дмитри Медведев на неговата Фејсбук- страница дека ќе ги преиспита обвинувањата за изборен фалсификат.

Но, кого ќе го овласти за тоа, тој не кажува. „Неговиот порака е неадекватна“, смета една московјанка. „Го поддржувам протестот. Уверена сум дека при овие избори повторно бевме излажани. Сигурна сум дека наводните проценти освоени од Единствена Русија се претерани“.

Proteste in Russland

Нови улични протести на 24 декември

Државниот врв меѓутоа реагира. Притисокот беше сепак преголем. Повеќе од 50 илјади луѓе во саботата демонстрираа само во Москва. Тие бараа оставка од премиерот Владимир Путин, кој во наредната година провторно треба да стане претседател. Демонстрантите се сомневаат дека во победата на владејачката партија Единствена Русија протекло се’ според законот.

Во интернет се вратат видеа, на кои се гледа на пример како една госпоѓа истовремено дава повеќе гласачки ливчиња и на секое е заокружена партијата Единствена Русија. Затоа не е доволно само одново да се пребројат гласачките ливчиња, убедени се многу противници на владата. На 24 декември затоа повторно масовно ќе се излезе на протести низ градовите ширум земјата.

Автор: Нина Хазе/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска