1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ревизија на авионската несреќа на претседателот Трајковски

Истражен тим од Македонија се подготвува да замине во Мостар, каде ќе се прави ревизија на падот на авионот на претседателот Борис Трајковски. Актуелниот шеф на државата Бранко Црвенковски ја поддржува истрагата.

Остатоците од авионот на претседателот Борис Трајковски

Остатоците од авионот на претседателот Борис Трајковски

Специјален истражен тим од Македонија чека дозвола од босанските власти да замине во Мостар на местото каде што во февруари 2004 се урна авионот на претстедалот Трајковски. На иницијатива на владата отворена е предистражна постапка за несреќата од пред три години, ќе се прави ревизија на сите извештаи и реконструкција на падот на авионот.

Актулениот шеф на државата, Бранко Црвенковски го поздрави новиот обид да се расчистат сомнежите околу трагичниот настан.

„Слушам дека овие денови, дека посотои можност да се обнови истрагата. Тоа го поздравувам, ако има некакви нови сознанија или се смета дека некои од претходно добиените сознанија не се на вистински начин проверени. Значи јас апсолутно поддржувам се што може до крај да ги расчисти сите сомнежи околу тоа како таа несреќа се случила.“ рече Црвенковски

Министерството за внатрешни работи формирало комисија што ќе работи на случајот. Ќе ја анализира истрагата на настанот што јавното обвинителството своевремено го прогласи за несреќен случај. Помошник министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски за Дојче Веле објаснува каков одговор треба да даде новата истрага. „ Дали евентуално се направени некакви пропусти или имало некакви превиди односно дали се сите докази, извештаи, наоди, тогаш анализирани и соодветно употребени во предистражната постапка која што се водела и која што знаеме заврши во јавното обвинителство кое тогаш не одлучи да побара покренување на истрага од страна на судот односно не виде случај во сето тоа.“

Истовремено со активностите што во врска со овој случај ги презедоа македонските власти, истрага за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател бараат и група пратеници во Советот на Европа. Иницијативата е на швајцарскиот пратеник Андреас Грос, кој смета дека многу прашања во врска со несреќата останале без одговор, а извештаите на истражните органи биле контрадикторни. Една од дилемите што Грос ја отвора во барањето до Советот на Европа за спроведување на независна истрага е дали тогашниот премиер Бранко Црвенковси предвреме ја прогласил смртта на Трајковски.

Црвенковски за тоа вели: „Точно е тоа дека за време на престојот во Даблин, значи во моментот кога нашата делегација на чело со мене се наоѓаше да ја предаде апликацијата, бевме известени дека авионот се срушили односно дека е изгубен било каков контакт со авионт и тоа известување го добив од Скопје, значи од контролата за летање во Скопје која што претпоставувам дека тие информации ги има добиено врз основа на некакви контакти со Мостар, со контролата во Мостар и сл. Тука завршува целата приказна за некакво мое толкување или објаснување.“

Борис Трајковски со уште осуммина негови соработници загина на 26 февруари 2004 близу Мостар. Нивните семејства ја тужат државата Македонија, бараат отштета и инсистираат на нова истрага за причините на несреќата.