1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Реал спасуваше бод против Борусија

Иако не победија германските екипи имаа одлични настапи во Лигата на Шампионите. Борусија (Д) мораше да се задоволи со реми на гостувањето кај Реал, додека Шалке се врати по негативата од два гола против Арсенал

Со голот на Месут Езил во самата завршница, Реал дојде до реми (2-2) на домашен терен во пресметката со Борусија Дортмунд. Германскиот првак беше одличен противник, а младите играчи на Борусија на два пати ја имаа предноста, но на крајот мораа да се задоволат со еден бод.

Стрелец на водечкиот гол за германскиот првак беше Марко Ројс. Шпанскиот првак израмни преку Пепе. Автоголот на Арбелоа ја врати предноста за „милионерите”, а најзаслужен за конечниот резултат беше Езил со фантастичен гол од слободен удар.

Со едвај теоретски шанси за пласман во елиминациската фаза остана англискиот првак Манчестер Сити. „Граѓаните” по четири кола се‘ уште се без победа во најсилната група во Лигата на Шампионите. Во синоќешниот дуел пред домашните навивачи против Ајакс, Манчестер спасуваше бод по водството на гостите од Амстердам од 0:2. На крајот мечот заврши 2:2.

Во Гелзенкирхен, сличен тек имаше и мечот меѓу Шалке и Арсенал. Гостите од Лондон поведоа со 2:0 уште во првото полувреме. Но надежта да домаќините им ја врати Хунтелар со гол на истекот на првиот дел, а во второто полувреме конечните 2:2 ги постави Фарфан. Шалке е лидер на табелата во Групата Б со осум бодови, пред Арсенал со 7, и грчкиот Олимпијакос кој по победата над Монпелје од 3:1, сега има 6 бода.

FC Schalke 04 - FC Arsenal

Момент од дуелот Шалке-Арсенал

Во другите вчерашни дуели, екипите на Порто и Малага обезбедија пласман во нокаут фазата откако ремизираа на гостувањата кај Динамо Киев, односно Милан. Блиску до пласман во следната рунда е и ПСЖ, кој немаше проблеми во дуелот против загрепски Динамо и победи со 4:0. Во меч од групата Ц, Андерлехт направи мало изненадување откако го совлада рускиот првак Зенит со 1:0 и ја искомплицира ситуацијата во битката за натамошен пласман, затоа што сега тимовите кои се борат за втората позиција се на по еден бод разлика.

Барселона и М.Јунајтед на прагот од нокаут фазата

Фудбалските возбудувања продолжуваат со втората половина од пресметките од четвртото коло. Манчестер Јунајтед и Барселона се на чекор од влез во нокаут фазата, доколку победат на вечерашните гостувања кај Брага, односно Селтик. Германски Бајерн Минхен е апсолутен фаворит во дуелот против Лил, додека дербито на колото се игра во Лондон, каде англискиот првак Челзи го пречекува украинскиот Шахтјор Доњецк.

Распоред: Група Е: Челзи-Шахтјор; Јувентус-Нордсјеланд, Група Ф: Бајерн Минхен -Лил;
Валенсија-БАТЕ Борисов, Група Г: Бенфика-Спартак Москва; Селтик-Барселона, Група Х:
Брага-Манчестер Јунајтед; Клуж-Галатасарај.