1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Реал разбиен во Дортмунд

Борусија Дортмунд го победи Реал Мадрид со 4:1 во првиот полуфинален дуел во Лигата на шампионите. Херој на мечот беше напаѓачот на домаќините, Левандовски кој ги постигна сите четири гола.

Водечките германски тимови Бајерн и Борусија Дортмунд убедливо го добија првото полувреме од пресметката со шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. По извонредниот настап на Бајерн во вторникот, покусо не останаа ниту играчите на Борусија кои синоќа во Дортмунд го разбија актуелниот шпански првак со 4:1. Јунак на вечерта беше Полјакот Роберт Левандовски кој ги постигна сите четири гола за домашниот тим. Голот за Реал беше дело на Кристијано Роналдо. Левандовски стана првиот фудбалер кој постигнал четири погодоци на еден меч во полуфиналето на најпрестижното европско фудбалско натпреварување.

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо по мечот ја честиташе победата но смета дека неговиот тим и натаму има шанси за пласман во големото финале.

„Во фудбалот се’ е можно. Ќе биде тешка недела, но ништо не е невозможно и моите играчи ќе се обидат да го покажат тоа следниот вторник“, рече Мурињо. Португалскиот стратег ја пофали играта на Борусија.

„Далеку подобриот тим победи. Индивидуално и колективно Дортмунд беа подобри и ја заслужија победата. Ние не успеаме да ја контролираме топката

Champions League 2012/13 Halbfinale BV Borussia Dortmund Real Madrid

Марио Геце

кога играа пресинг, но мислам дека можеме да се вратиме“, рече Мурињо.

Реал за малку го избегна најголемиот пораз во меѓународните натпреварувања. Рекордот се уште го држи Милан кој го совлада Реал со 5:0 во 1989 година. Тренерот на Борусија, Јирген Клоп ги предупреди своите играчи да бидат претпазливи.

„Мораме да останеме фокусирани. Мечот во Мадрид нема да биде лесен“. Клоп и натаму тврди дека неговиот тим не е фаворит за освојување на титулата.

„Немам чувство дека сме фаворити. Одигравме одлично против фантастичен тим. Ние само сакаме да се пласираме во финалето“, рече Клоп.

Случувањата во пресрет на мечот се закануваа да ја нарушат атмосферата во тимот на Борусија, откако беше објавено дека Марио Геце на крајот на сезоната ќе премине во редовите на лутиот ривал Бајерн Минхен за рекордни 37 милиони евра. Но навивачите на Борусија застанаа зад тимот, додека Геце одигра извонредна партија, асистирајќи при првиот гол на Левандовски. Јирген Клоп им упати честитки на навивачите поради односот кон Геце за време на мечот.