1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Реал (М) торпедиран во Лион, пораз на Шалке во Ајндховен

Почетокот од натпреварите по групи во годинашната фудбалска Лига на шампионите донесе неколку изненадувања. Денеска ќе настапат другите два германски тима Баерн (М) и Вердер.

Најдрагоцениот европски клупски фудбалски трофеј: пехарот за победникот во Лигата на шампионите

Најдрагоцениот европски клупски фудбалски трофеј: пехарот за победникот во Лигата на шампионите

Шалке со неуспех ги започна натпреварите во Е-групата од Лигата на шампионите со 1 спрема 0 на гостувањето во Ајндховен. Притоа германскиот им прикажа и слаба игра. Репрезентативецот Фабијан Ернст оцени: „Во нашата игра, во краен биланс, недостасуваше притисок напред. Сметам дека создадовме премалку шанси.Имавме само една чиста во завршната фаза. Инаку, бевме безопасни во нападот“. Средбата во Ајндховен ја следеа 35 илјади гледачи. Нареден противник на Шалке, на домашен терен во гелзенкирхен е Милан, кој синоќа го победи турскиот претставник Фенербахче од Истанбул со 3 спрема 1.

Во Ф-групата изненадување е вискиот пораз на Реал Мадрид на гостувањето во Лион: Олимпик забележа победа од 3 спрема 0. Неочекуван резултат и во другиот дуел од оваа група – во Пиреја домашниот Олимпијакос е поразен од норвешкиот тим Розенборг од Трондхајм со 3 спрема 1.

Во Г-групата Челзи во Лондон го победи белгискиот претставник Андерлехт со 1 спрема 0, а освојувачот на минатата Лига на шампионите Ливерпул на гостувањето во Севилја го совлада Бетис со 2 спрема 1.

Во Х-групата Глазгов Ренџерс го совлада фаворизираниот тим на Порто со 3 спрема 2, додека Интерм од Милано на гостувањето во Братислава забележа победа против Артмедиаа со 1 спрема 0.

Вечер во рамките на Лигата на шампионите ќе се појават и другите две германски екипи: шампионот Баерн му гостува на Рапид во Виена, додека Вердер во Бремен ја пречекува Барселона.