1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Реал и Челзи исполнија половина задача

Екипите на Челзи и Реал Мадрид се на чекор до пласман во полуфиналето во Лигата на Шампионите по синоќешните победи. Вечерва дерби мечеви во Марсеј и Милано

Фудбалерите на Реал Мадрид и Челзи, остварија предност во првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони, откако на гостински терен беа подобри од Бенфика, односно АПОЕЛ.

Реал, во Никозија, не блескаше, но во целост ја оправда улогата на фаворит, против екипата која е најпријатното изненадување оваа сезона во фудбалска Европа.

Дефанзивната определба на домаќинот им создаде поприлчни проблеми на играчите на „кралскиот клуб“, чиј бункер попушти во последните 16 минути од натпреварот. Стрелци за Реал беа Кака и на два пати Бензема. За АПОЕЛ целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски, кој со оглед на дефанзивната тактика за која се определи

неговиот тренер, одигра коректен меч.

Челзи, во Лисабон, забележа голема победа над Бенфика од 1:0. Голот на одлука го постигна Саломон Калу во 75. минута на асистенција на Фернадо Торес. Екипата на Челзи со овој триумф е многу поблиску до полуфиналето. Реванш натпреварите во Мадрид и Лондон ќе се одиграат на 4. април.

Дербито во Милано

Fußball Bundesliga, 27. Spieltag

Бајерн игра против Марсеј

Вечерва на програмата се преостанатите два дуели од четвртфиналната фаза. Во Марсеј, Олимпик му е домаќин на Бајерн Минхен. Олимпик ќе биде хендикепиран со отсуството на неколку клучни играчи, пред се’ голманот Манданда и капитенот Диавара. Повреда го мачи и главниот напаѓач Реми. Тренерот Дидие Дешам се надева дека неговиот тим, сепак, може да ја повтори добрата игра од фазата по групи, кога на двапати го совлада актуелниот германски првак Борусија Дортмунд.

На другата страна, Јуп Хејнкес на располагање има речиси комплетно подготвен состав, а единствена непознаница е настапот на Швајнштајгер. Првиот дуел во Марсеј ќе биде емотивен за поранешниот играч на Марсеј и херој на тамошните навивачи Рибери. Тој вети дека ако постигне гол против својот поранешен тим, нема да го прославува.

Дербито на вечерта се игра во Милано, каде гостува европскиот првак Барселона. Милан и Барселона веќе ги одмерија силите во фазата по групи сезонава. Првиот меч во Шпанија заврши нерешено 2:2, додека Барселона победи нагости со 3:2. Во медиумите дуелот се најавува како пресметка на двајца од најдобрите светски напаѓачи во моментов, Ибрахимовиќ и Меси.