1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Реал и Борусија - први четвртфиналисти

Шпанскиот и германскиот првак, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се првите четвртфиналисти во фудбалската Лига на Шампиони, откако во синоќешните реванш дуели беа поуспешни од Манчестер Јунајтед, односно Шахтјор

Фудбалерите на Реал од Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналето на гости го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:1. Меѓу осумте најдобри екипи на стариот континент влезе и Борусија Дортмунд која го победи украинскиот Шахтјор со 3:0. Во „финале пред финалето“ на Олд Трафорд, победникот го реши првиот стрелец на Реал и поранешен играч на Јунајтед, Кристијано Роналдо. Тој со голот во 69 минута ја запечати судбината на англискиот вицешампион.

Манчестер прв дојде во водство во 48. минута кога Серхио Рамос ја затресе сопствената мрежа. Но, осум минути подоцна се случи одлучувачкиот момент на мечот кога судијата Чунејт Чахир од Турција го исклучи играчот на домашните Нани по прекршокот врз Арбеола. Бројната надмоќ гостите од Мадрид ја искористија во 66. минута кога хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, многу бргу по влегувањето во игра, со гол од дваесетина метри му донесе водство и победа на Реал.

На вториот осминафинален натпревар што се одигра синоќа во Дортмунд, Борусија ја завршија целата работа околу пласманот во четвртфиналето за само шест минути. Фелипе Сантана ја доведе Борусија до

Champions League Achtelfinale Manchester United Real Madrid

Судијата му покажа црвен картон на Нани (Ман. Јунајтед)

водство во 31 минута, Геце во 37. ја удвои предноста, а конечниот резултат 3:0 го постави Блашчиковски во 59. минута.

На првите натпревари Реал и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 1:1, а без победник заврши и дуелот Шахтјор-Борусија 2:2.

Утре се играат уше два реванш осминафинални натпревара во Лигата на шампионите.

Јувентус му е домаќин на Селтик (на првиот меч беше 3:0 за Јувентус), а Пари Сен Жермен ја пречекува Валенсија (првиот натпревар го доби ПСЖ со 2:1).