1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Реал брка „одмазда“ против Борусија

Спектакуларен фудбал ветува вечерашната (06.11) пресметка од најелитното фудбалско натпреварување, во која фудбалерите на Реал Мадрид ја пречекуваат Борусија Дортмунд.

Во вторничките дуели од четвртото коло од Лигата на шампионите, актуелниот шампион на Шпанија ќе нема друга опција освен победа на “Сантијаго Бернабе” над актуелниот германски шампион, кој во претходното коло им нанесе минимален пораз.

Манчестер Сити, по дебаклот во Амстердам, ќе се обиде да му се реваншира на Ајакс во втората пресметка од групата Д. Англискиот првак има само еден освоен бод по три одиграни кола и се наоѓа на работ од елиминација .

Екипата на Порто која има максимален учинок во групата А, гостува во Киев кај Динамо во обид да ја обезбеди првата позиција. Во вториот натпревар од оваа група, францускиот ПСЖ е домаќин на Динамо Загреб.

Во Гелзенкирхен, Шалке го пречекува Арсенал во натпревар кој би можел да го одреди победникот од групата Б, во која уште играат Олимпијакос и Монпеље. Фудбалерите од Гелзенкирхен во Лондон ја поразија четата на Венгер со 0-2 и

Arsenal - FC Schalke 04 Champions League Gruppe B

Хунтелар (Шалке) во дуелот со Арсенал пред две недели

доколку успеат да победат уште еднаш ќе ја „зацементираат” лидерската позиција.

Евентуалниот неуспех на „топџиите“ ќе се обидат да го искористат фудбалерите на Олимпијакос. Грците, со триумф над францускиот првак Монпеље и добри вести од Германија, би се израмниле на табелата по бројот на бодови со Арсенал.

Италијанскиот клуб Милан, кој во претходното коло од Серија А славеше победа над Киево со 5-1, ја пречекува Малага, која статистички гледано го има најдобриот состав во Лигата на шампионите до сега. Со три победи во три кола, Шпанците се наоѓаат на чекор од пласман во нокаут фазата, што значи дека им одговара и реми на вечерашното гостување кај „росонерите“ кои имаат пет бода помалку . Во втората пресметка од групата Ц, Зенит гостува кај Андерлехт.

Лига на шампиони, 4. коло

Група А

ПСЖ - Динамо Загреб
Динамо Киев – Порто

Табела

1.Порто 9
2.ПСЖ 6
3.Динамо Киев 3
4.Динамо Загреб 0

Група Б

Шалке - Арсенал
Олимпијакос - Монпелје

Табела

1.Шалке 7
2.Арсенал 6
3.Олимпијакос 3
4.Монпелје 1

Група Ц

Милан - Малага
Андерлехт - Зенит

Табела
1.Малага 9
2.Милан 4
3.Зенит 3
4.Андерлехт 1

Група Д

Реал Мадрид - Борусија Дортмунд
Манчестер Сити - Ајакс

Табела
1. Борусија Дортмунд 7
2.Реал Мадрид 6
3.Ајакс 3
4. Манчестер Сити 1