1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реалност наместо лажни надежи

До средината на ноември во Скопје се очекува годишниот извештај на Европската комисија за македонските реформи. На новите власти, во Брисел им е предочена драфт-верзијата, која е миксирана од позитивни оценки и сугестии до сериозни критики. Во Скопје никој не очекува и датум за преговори околу кандидатскиот статус, дури ни наредната година, иако претходната влада се надеваше дека тоа ќе се случи дури и ова

default

� година.

Кабинетот на Никола Груевски од почеток гради политика на реалност наместо лажни надежи. Вицепремиерката за евроинтеграции, Габриела Коневска Трајковска, вели:

“Политичките критериуми ќе бидат доволно покриени, со исклучок на области кои што задираат во областа на правосудството и внатрешни работи, реформата на полицијата, реформата на судството, борбата против организираниот криминал и корупцијата. Во делот на економските критериуми мислам дека имаме солидна платформа во моментов. Владата на Република Македонија ја усвои програмата за хармонизација на законодавството, оваа влада ја прифати динамиката која што беше утврдена за хармонизирање на законодавството до 2010 година, така што мислам дека делот на исполнувањето на третиот критериум ќе оди по принципот на динамизмот на МБИ-програмата.“

Ќе требаат неколку години континуирани позитивни оценки за да се почнат преговори со ЕУ, велат домашни аналитичари. Дополнителен политички товар е отсуството на покажана подготвеност за дијалог меѓу владата и ДУИ, кое се манифестираше и при донесувањето на законот за полиција. Потребен е што поширок консензус меѓу власта и опозицијата, пред се околу примената на клучните одредби за правичната застапеност и примената на албанскиот јазик во полицијата, сугерира ЕУ-амбасадорот, Ерван Фуере.

Видлив напредок нема ниту во либерализацијата на Шенген-режимот. Напротив, од први јануари визи за Македонија воведува и Бугарија, иако властите во Скопје и Софија ќе се договорат за нивно бесплатно издавање. Во петок во Софија, министрите за надворешни работи на двете земји, Калфин и Милошоски, ќе потпишат спогодба за визниот режим по влегувањето на Бугарија во ЕУ. Минатата година кај источниот сосед престојувале над 500 илјади граѓани од Македонија, а на бугарските универзитети студираат четири до пет илјади македонски студенти.