1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Реални плати

Шампањско за шефовите, кисела вода за работниците. Добивките на повеќето германски претпријатија, во изминатите години, редовно експлодираа, но во паричниците на работниците од сето тоа не се најде ништо.

default

Платите растат, но само бруто, и тие растат побавно од каде и да е на друго место. Тарифните плати, минатата година според Сојузниот завод за статистика, пораснале за 1,2%. Стапката на инфлација,пак, изнесувала 2%. Значи, номиналното зголемување на платите не можело да ја израмни разликата. Што се однесува до куповната моќ на луѓето – платите се намалиле.

Просечната бруто плата постојано се намалува во периодот од 1998 до 2004 година. Ако во 1998-ма таа изнесувала просечно, бруто, 2 459 евра, пред две години износот бил 2 448 евра, или 0,4% помалку. Истовремено, се зголемувале примањата на луѓето кои седат во управните одбори.

На работниците помалку, на членовите на управните одбори повеќе – причина, претседателот на синдикатот на металците, Јирген Петерс, да побара повисоки плати за 5%. Образложението гласи:

“Глобализацијата за претприемачите значи менаџерските плати да се ориентираат кон САД, а работничките плати кон Кина. На тоа конечно мора да му се стави крај.“

Статистиката покажува и дека добивките на претпријатијата растат побрзо од платите. Тие минатата година биле за 45% повисоки. Кај малите и средни претпријатија нема добивки, но затоа во позитивна насока се менува вкупната слика. Добивките, инаку, се зголемуваат не само поради умереното зголемување на платите, туку и поради опстојувањето на подобрената продуктивност – било да е тоа овозможено со повеќе инвестиции, со повеќе работа без притоа да се зголемат платите или со комбинација на двете.