1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реакции по поднесената интерпелација за владата на Груевски

Премиерот Никола Груевски побрза да манифестира ладнокрвност по веста дека опозициската СДСМ бара политичка одговорност од него и од владата.

default

Реакцијата на Груевски стигна експресно

Само два часа откако беа наредени критиките од социјалдемократите - застој во реформите, без економски резултати, нарушен меѓународен имиџ, без перспективи за ЕУ и НАТО, неспособност да се менаџира со меѓуетничките односи, премиерот Никола Груевски реагираше: “ВМРО ДПМНЕ е партија која што нема од што да се плаши затоа што кога работите чесно, професионално, одговорно, како и да се свртат работите - на вистинската страна сте. Во четврток ќе видиме, но што и да се случи ние сме прилично комотни затоа што во овие девет месеци работиме топ професионално, работиме чесно, одговорно, со многу елан и залагање, така што, како и да се свртат работите, кога сте искрен кон работата и кон оние што ве избрале, работите ќе одат во наша полза.“

Интерпелацијата за македонската влада доаѓа во време на очекуваниот дијалог на американскиот претседател, Џорџ Буш со премиерите на земјите на Јадранската тројка во Тирана. Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, од средбата во Тирана очекува...

“ Очекувам од пораките што ќе ги упати претседателот Буш тие да претставуваат силно охрабрување.“

Разговорите со Буш и подготовките на охридската НАТО средба овој месец, се лошо избран тајминг за проверка на политичкиот кредибилитет на македонската влада, оцени пратеникот Весна Јаневска од ВМРО Народна партија: “Владата покажа силна волја за спроведување реформи“, изјави Јаневска.

NSDP Logo Mazedonien

НСДП со став утре

Сепак, новиот лидер на оваа партија, Ѓорѓи Трендафилов, кој е под влијание на екс-премиерот Љубчо Георгиевски, заговара дистанцирање од парламентарната поддршка на владата и премиерот, иако ВМРО НП не учествува во владата.

Слика за мнозинството во парламентот

Интерпелацијата ќе го потврди или отслика парламентарното мнозинство на владата. Симптоматично е што Новата социјалдемократска партија, коалициски партнер на Груевски, во четврток, денот кога ќе се гласа доверба во парламентот, ќе го утврдува партискиот став околу ефектите од владината политика и соработката со премиерот. И покрај, за миг, премостената криза меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДПА, лидерскиот тандем на ДПА, Џафери -Тачи е незадоволен од политичкиот дил Груевски-Ахмети. Иако стратешкиот коалициски партнер на СДСМ – ДУИ не е најсреќна со тајмингот на интерпелацијата, особено по критиките од лидерот на социјалдемократите, Радмила Шеќеринска дека со политичката спогодба Груевски-Ахмети се врши ревизија на Охридскиот договор, “интегративците“ сеуште имаат големи резерви кон владата.

До овој момент владата располага со мнозинство од солидни 70-тина до 73 пратеници, но во последниот период постојано беше на границата од одвај 61 пратеник, што е доволно кабинетот на Груевски да ја преживее интерпелацијата поднесена од страна на СДСМ.