1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции по неуспешната рунда преговори за Косово

*

По вчерашната рунда преговори во Брисел која не донесе пробив, делегациите на Белград и Приштина на 26 ноември во Виена со посредство на меѓународната тројка ќе се обидат да ги приближат ставовите околу иднината на Косово. Приштина го отфрли најновиот предлог на Белград за примена на моделот на Хонг Конг или Оландските острови. Српскиот претседател Тадиќ и премиерот Коштуница изразија жалење поради фактот дека приштинската делегација и натаму не сака да преговара за статусот и активно да учествува во процесот на Тројката. Рускиот претставник во Тројката, Боцан Харченко изјави дека преговорите продолжуваат додавајќи оти е жалосно што косовските Албанци се заинтересирани само за независност и ништо друго.