1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции по насилствата во Дамаск

САД по насилничките демонстации во Дамаск, одговорноста за насилствата и ја префрлија на владата на Сирија. Без знаење и поддршка на владата, вакви демонстрации во Сирија воопшто не се можни, соопшти Белата куќа.

default

Тоа што Сирија не им пружи заштита на амбасадите нема оправдување, се вели во соопштението издадено на ранчот на американскиот претседател, Џорџ Буш, во Тексас.

Засегнатите земји, Данска, Норвешка и Шведска ја критикуваа Сирија поради нападите врз нивните амбасади. Данскиот министер за надворешни работи, Пер Штег Мелер, изјави дека е целосно неприфатливо тоа што властите не ги заштитиле амбасадите. Данскиот амбасадор, Иле Егберг Микелсен, рече дека неколкупати ги замолил властите за помош и заштита, но дека демонстрантите сепак го нападнале претставништвото ги искршиле прозорите и запалиле оган. Шведската министерка за надворешни рабори, Лаила Фреивалдс, ја обвини Сирија дека дозволила безредија. “Принципот на дипломатските односи е дипломатите да можат да работат безбедно. Фактот дека овој принцип е прекршен е екстремно сериозна работа“, изјави нејзиниот норевшки колега, Јонас Гар Сторе, додавајќи: “Колку што знаеме ова е прв случај воопшто да биде нападната норвешка амбасада“.

И австриското претседателство реагираше на нападите. Министерката за надворешни работи, Урсула Пласник соопшти дека вакви дела со ништо не можат да добијат легитимација.

Осуда на насилството во протестите против објавувањето на карикатурите на Мухамед, дојде и од Исламскиот совет на Германија. “Колку и карикатурите да се без вкус и навредувачки, реакциите треба сепак да бидат одмерени“ ,побара претседателот на Исламскиот совет, Али Кизилкаја.Мора да постои друг начин за реагирање за да не им се даде за право на они кои се обидуваат да го поврзат исламот со насилство, напиша тој за денешен “Билд ам зонтаг“. Кизилкаја сепак се прашува дали слободата на печатот треба да оди на сметка на верската слобода. Карикатурите според него се делумно непромислен, делумно намерно непочитувачки однос кон исламот и муслиманите, кој се повеќе се шири. Затоа според Кизилкаја реакциите во муслоиманските земји и се толку жестоки, зашто не се насочени само против карикатурите, туку и против мислите кои се кријат зад нив. Она што недостига е сериозен дијалог кој ќе придонесе за заемно разбирање, исмета тој.

Германската канцеларка, Ангела меркел, говорејќи на конференцијата за безбедност во Минхен, вчера рече:

“Германската влада не гледа повод да се вмешува сега во дискусијата, освен преку лично мислење. Слободата на печатот мора да остане нечепната и не може да се оправда реакцијата со насилство на печатењето на карикатурите.“