1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции по нападот на парламентот во Ирак

Високиот преставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана остро го осуди вчерашниот самоубиствен напад врз ирачкиот парламент, оквалификувајќи го како екстремно насилство. Ирачкиот парламент одржува посебна седница на која се очекува да се осуди нападот во кој вчера загинаа осум лица, а над дваесет се повредени. Во меѓувреме се уапсени и неколку вработени во ресторанот на парламентот во кој и се случи експлозијата.