1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции по воведувањето два отпечатоци на прсти во германските пасоши

*

По воведувањето на втората генерација електронски пасоши, заштитниците на податоци и дел од политичарите во Германија предупредија дека е можно зголемување на безбедносните ризици и зголемен надзор од страна на државата. Ополномоштеникот за заштита на податоци, Петер Шаар, изјави дека електронскиот пасош не смее да да се сфати како пробен тест за воведување електронска лична карта. Шефицата на партијата на зелените, Клаудија Рот, рече дека Германија се претвора чекор по чекор во држава на превентивно набљудување. Во новиот документ, се меморираат два отпечатоци од прстите. Со тоа, Германија станува прва земја од ЕУ, која ја спорведува уредбата според која до јуни 2009 година, во пасошите покрај дигиталната фотографија, треба да почнат да се меморираат и отпечатоци на прсти од левата и десната рака.