1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции на признанието на Фишер

Направив две грешки, призна германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер, во врска со аферата околу визите. Опозицијата веднаш реагираше – ако Фишер има макар трошка себепочит, ќе знае што треба да се направи.

Јошка Фишер

Јошка Фишер

Тоа што според лидерот на Христијанско-демократската унија, Ангела Меркел, треба да го направи сега шефот на дипломатијата е тој да се повлече од функцијата.

”Министерот за надворешни работи и нанесе на земјата тешка штета. Ако тој има и трошка себепочит, ќе знае што треба да направи. Во Германија многу министри си дале оставки поради многу помали грешки”, беше остра Меркел.

Но, канцеларот Герхард Шредер, се држи до својот министер. Тој за ”Франкфуртер Алгемајне Зонтагсцајтунг” денеска вели: ”Министерот за надворешни работи останува министер за надворешни работи!”. Шефот на владеачките социјалдемократи, Франц Минтеферинг вели дека Фишер ја презеде одговорноста и сега се натаму треба да биде расчистено во истражната комисија на Бундестагот. И кај сопартијците на Фишер, зелените, неговиот говор на партискиот собир во Келн, има голем одзив. ”Ми олесни што Јошка Фишер денеска јасно и прецизно кажа какви грешки направил“, рече шефот на зелените Клаудија Рот.