1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции на пресудата на уставниот суд околу безбедноста во воздушниот сообраќај

Германскиот уставен суд донесе одлука дека уривањето патнички авион, кој е грабнат од атентатори самоубијци, не е во согласност со уставот. Судиите го поништија соодветното ополномоштување на министерот за одбрана дадено во законот за безбедност во воздушниот сообраќај. Законот стапи на сила во 2005 година, а според него, министерот за одбрана може да донесе одлука за соборување цивилен авион кој е грабнат

default

од терористи, за да спречи негова злоупотреба.

Министерот за внатрешни работи, Волфганг Шојбле, смета дека сега треба да се менува уставот: “Она што законот за безбедност во воздушниот сообраќај треба да го обезбеди е нешто од што не можеме да се откажеме. Затоа, сега имаме тешка задача да најдеме пат кој нема да биде во спротивност со уставот.“

Во иста насока е и изјавата на министерот за одбрана, Франц Јозеф Јунг: “Откако уставниот суд пресуди дека законот не е во согласност со уставот, сега мораме заеднички да го преиспитаме прашањето за тоа како да се создаде правна основа за тоа и во иднина да можеме да ги заштитиме граѓаните од терористички напади во воздух.“

Ангажман на Бундесверот во сферата на внатрешните работи, според претседателот на фракцијата на СПД, Петер Штрук, со пресудата на уставниот суд – веќе не е тема. Тој апелира до министерот за внатрешни работи да ги запре размислувањата околу такво нешто. Сепак, Штрук не е сосема задоволен од пресудата: “Уставниот суд ја остави политиката сама со прашањето како да се излезе на крај со со терористичките закани од воздух и по море. Внимателно ќе ја анализираме пресудата и ќе донесеме одлука – дали постојат можности да се создадат други законски предуслови за да излеземе на крај со ваквите закани.“

За разлика од СПД, Унијата сега гледа потреба преку промена на уставот да се обезбеди ангажман на Бундесверот за внатрешни потреби, уште во текот на претстојното светско првенство. Баварскиот министер за внатрешни работи, Гинтер Бекштајн, коментира: “Кога станува збор за материјалната основа – сигурен сум дека уривањето авион со недолжни луѓе го крши човековотот достоинство. Но, сепак, можни се и размислувања во насока дека е можно да постои законски правна наредба.“

Експертот на либералите за внатрешно-политички прашања, Макс Штадлер, укажува на тоа дека уривањето непознат авион, или таков во кој има само атентатори, е и натаму дозволено. Парламентарниот раководител на зелените, Фолкер Бек смета дека со пресудата на уставниот суд се зајакнати основните права на човечкото достоинство, додека портпаролот на левицата, Волфганг Нешковиќ, изјави дека загриженоста од терористички напади не смее да води до прелесно откажување од централните основи права.