1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции на предлогот за директен избор на претседателот

*

Изјавите на германскиот претседател Хорст Келер за директен избор на претседателот во иднина предизвикаа поделени реакции во земјата. Волфганг Босбах од партијата ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел го отфрли предлогот со образложение дека на тој начин ќе се загрози улогата на канцеларот како водечки политичар во земјата. Партијата на Зелените и левиот блок го поддржаа предлогот. Оттаму сметаат дека изборот на претседателот од страна на народот ќе ја зацврсти демократијата. Од 1949 германскиот претседател се бира на седница на парламентарно собрание во кое членуваат политичари, експерти и познати јавни личности во земјата.