1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реакции на пораките од Брисел за Македонија

Дел од експертската јавност во Македонија и претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, остро ја критикуваат политиката на премиерот Никола Груевски за решавањето на спорот околу името.

default

Радмила Шеќеринска, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции

На Македонија и требаат сериозни реформи, иако Европската унија забележала напредок во дел од бараните реформи во судството и трансформацијата на јавната администрација. Сепак Брисел и упатува забелешки на Македонија поради отсуството на дијалогот власт - опозиција и заостанување во демократските процеси пред се’ во изборната процедура.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции на Македонија Радмила Шеќеринска оцени дека пораките од Брисел се враќање назад за земјата.

Дел од експертската јавност е скептична за македонските евро-атлански интеграции поради можната политика на изолација што почнува да ја навестува кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Медиумите во Македонија вчера различно ги пласираа резултатите од разговорите на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и шеф дипломатот Антонио Милошоски во Брисел, од оптимиситички до критички.

DW.COM