1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реакции на осуда од Македонија за случувањата во Леринско

Новинарите на Македонските телевизии „А1„ и „А2„ како и на весникот „Нова Македонија„ по краткото приведување од страна на грчката полиција се на слобода. Се бара официјално објаснување.

default

Македонскиот Парламент во Скопје

Грчката полиција претпладнево ги спречи новинарските екипи од Македонија да ги снимат своите стории од селото Забрдани. Во ова место вчера се случија протести на локалното население, против планираните вежби на грчката армија. Во акцијата било повредено едно лице од македонска националност, а четворица се приведени. Новинарите на телевизиите „А1" „А2" и весникот „Нова Македонија", биле приведени во селото од страна на грчката полиција. Според изјави на новинарите, тие биле држени повеќе од еден час на информатиовен разговор, по што со полициска придружба биле испратени најпрвин во селото, а нешто подоцна и кон граничниот премин со Македонија.

Македонија ќе бара реакција на Европските институции

Инцидентот наиде на крајна осуда од властите во Скопје. Македонската влада соопшти дека ќе побара од Парламентарното Собрание на ОБСЕ да расправа за случајот. Исто така и Премиерот Никола Груевски, кој денеска е во посета на Брисел, ќе ги запознаел европските претставници со односот на грчките власти. Реагираа и пратениците во Македонскиот Парламент, кој бараат објаснување од Грција.

OSCE Organization for Security and Cooperation in Europe

Пратеникот Влатко Ѓорчев, од ВМРО-ДПМНЕ, ја осуди како што кажа, вознемирувачката постапка на грчките власти. Ваквите случувања според него не одат во прилог на слободното информирање и демократската атмосфера.

Со реакциja на осуда и протест се јави и пратеникот Андреј Петров од Либерално Демократската Партија. Тој како претседател на македонската делагација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, најави писмена иницијатива за расправа по ова прашање во институциите на оваа европска организација.

Нема основа за кривично гонење на приведените

Според последните информации, грчките власти претпладнево ги ослободиле и четворицата приведени Македонци, кои беа притворени по вчерашниот протест. Грчките власти оцениле дека нема елементи за кривично гонење на жителите на селото Забрдени. Ситуацијата во Леринско во моментов е мирна. Инаку тензиите кулминираа синоќа, откако грчката армија, во придружба на силни полициски сили и механизирани возила, повторно пристигна во регионот. Само пред десетина дена, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени. Македонската полиција од синоќа го зголеми обезбедувањето на Грчкиот Конзулат во Скопје, како превентива од евентуално нарушување на јавниот ред и мир.

Настаните во Леринско се случуваат во многу суптилен момент на крајно затегнати односи меѓу Грција и Македонија, кои според оценките на аналитичарите ќе придонесат за дополнително намалување на шансите за скорешно решение на спорот за името.