1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции на одлуката на Зелените против мисијата во Авганистан

*

Одлуката на делегатите на партијата на Зелените, кои на вчерашниот вонреден Конгрес се изјаснија против продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан не наидува на разбирање кај дел од партиите. Либералите сметаат дека зелените се простиле од реалната политика. Коалицијата ЦДУ-ЦСУ сметаат дека со ваквата одлука сакаат да ја одбегнат одговорноста за за безбедноста на луѓето во Авганистан. Партиските делегати ги повикаа претставниците на Зелените во Бундестагот, да гласаат против иницијативата. Синоќа во Берлин неколку илјади демонстранти протестираа и бараа повлекување на околу 3000 војници на Бундесверот, кои се стационирани во северниот дел на Авганистан.