1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции на изјавата на Џорџ Буш за Косово

*

Српските и косовските политичари имаат спротивставени оценки по однос изјавата на американскиот претседател Џорџ Буш за независност на Косово. Косовскиот премиер Агим Чкеку ја поздрави изјавата и ги повика косовските Албанци да го обезбедат мирот во покраината додека растат напорите за остварување на независноста. Српскиот премиер Воислав Коштуница од своја страна тврди дека идејата за независност е ставена на страна. Според српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ ставот на Буш одамна е познат на јавноста, а неговата изјава повеќе е во функција на зацврстување на американската позиција во Советот за безбендост, каде има и членки чиј став опонира на американскиот, смета српскиот министер за надворешни работи Јеремиќ.