1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции на изјавата на Чеку за независност

*

Српската влада предупреди дека изјавата на косовскиот премиер Агим Чеку дека покраината ќе прогласи независност доколку меѓународните преговарачи не постигнат договор за статусот на покраината до 10 декември, е отворена закана и уривање на преговарачкиот процес. Агим Чеку по вчерашните разговори во Лондон со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд изјави дека Приштина ќе ја донесе одлуката многу бргу по истекот на крајниот рок на преговорите и без поддршка од ЕУ. На синоќешните затворени консултации во советот за безбедност САД побарале брзо решение. Русија смета дека преговорите не смеат да имаат временска рамка.