1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции на изјавата на Папата Бенедикт 16

Муслиманите во целиот свет протестираат против изјавата на Папата во текот на неговиот говор на универзитетот во Регензбург: На Ватикан од друга страна во одредена мера му се брза да ги смири духовите.

Демонстрации против изјавата на Папата во Индија

Демонстрации против изјавата на Папата во Индија

Папата Бенедикт 16-ти се смета за многу остроумен теолог и теоретичар. Во спорниот говор на Универзитетот во Регенсбург, каде во почетокот на 70-тите години беше и професор, тој зборуваше всушност за односот меѓу верата и разумот. Според него тие не смеат да се раздвојат, бидејќи тоа може да има фатални последици. Во тој контекст Бенедикт 16-ти цитираше делови од една дискусија меѓу Византискиот Цар Мануел Втори и еден добар познавач на коранот во 1391-та година. При тоа христијанскиот владетел вака се осврнал на исламот:

„Покажи ми што донесе ново Мохамед и ќе видиш оти има само лоши и нехумани работи, како на пример тоа што проповедал оти верата што ја донел треба да се шири со меч!„ – цитираше Папата Бенедикт 16-ти.

Веќе самиот факт што тој го одбрал овој цитат покрена лавина остри реакции во исламскиот свет.

Така највисокиот исламски духовен водач на Турција Али Бардакоглу побара од Папата Бенедикт 16 да ги полече своите изјави и да се извини. Бардакоглу исто така ја стави под прашање посетата на папата Бебнедикт 16 на Турција на крајот на ноември.

По жестоката критика од Турција извинување од Папата побара и пакистанскиот парламент. Предложената резолуција од радикалниот пратеник Фазал Карим доби поддршка како од пратениците на опозицијата така и од оние кои се на власт. Во министерството за надворешни работи на Исламабад се вели дека тоа била забелешка за големо жалење.

Претседателот на Египетското муслиманско братство Мохамед Махди Акеф искажа вчудовидување што највисокиот претставник на католичката црква, кој има влијание врз јавнотот мислење на западот, се изразил на ваков начин. Органзиаицијата на исламската конференција пак изрази надеж дека говорот на Бенедикт не претставува нов тренд на полтиката на Ватикан кон Исламот. Изјавите на Папата наидоа на критика и во Иран, „За жал Папата го навреди исламот“ истакна највисокото духовно лице во земјата Ахмат Катами пред верниците на петочната молитва.

Изјавата на Папата од предавањето на универзитетоо во Регензбург и во Германија наиде на критика. Генералниот секретар на центалниот совет на муслиманите во Германија Аиман Мазиек истакна „ Врз историската основа на крвавите крстоносни војни во муслиманскиот свет, протерувањето на пример на Муслиманите и Евреите во стара Шпанија ова го гледам со мала загриженост, што Ватикан со прст покажува на друга религиозна заедница во однос на екстремизмот и насилството.“

На Ватикан од друга страна во одредена мера му се брза да ги смири брановите. Новиот шеф на ватиканскиот прес центар отец Федерико Ломбарди го кажа следново: Во никој случај Папата не сакаше да ги повреди чувствата на муслиманските верници. Поглаварот на римо – католичката црква многу повеќе би сакал да негува став на респект и дијалог со другите религии и култури – се разбира и кон исламот. Токму во делот од неговиот говор на универзитетот во Регензбург зборувал за тоа да се отфрли религиозно мотивирано насилство.

И германската влада упати на ова објаснување. Владиниот портпарол Улрих Вилхелм укажа на Појаснувањето на портпаролот на Ватикан дека Папата го респектира ислмот и дека ќе се залага за респекти и дијалог со другите култури и религии.

Портпаролот за внтарешни работи на пратеничката група на Унијата во Бундестагот Ханс Петер Ул нагласи дека кога Папата се залага да нема наислство и толерантно и разумно практикување на религијата тогаш заслужува поддршка а не критики на грдење.