1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Реакции на изборите во Белорусија

Набљудувачите на Европската организација за безбедност и соработка,ОБСЕ,остро го искритикуваа текот на претседателските избори во Белорусија,каде авторитарниот шеф на државата Александар Лукашенко се прогласи за победник.

Од протестот на опозицијата во Белорусија

Од протестот на опозицијата во Белорусија

Критики на сметка на изборите изрекоа и повеќемина европски политичари,а опозицијата во земјата денеска повикува на нови протести и бара одржување нови избори.

Претседателските избори во Белорусија не одговараа ниту на меѓународните стандарди,ниту на демократското гласање.Вчерашните избори не протекоа фер и слободно,изјави раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и претседател на Парламентарноот собрание Алце Хастингс денеска во Минск.

Демократијата во Белорусија сеуште носи детски чевли,додаде тој.

Свеоволното употребување на државните средства,кое очигледно требаше да ги штити властите,ги премина разумните граници,остро критикуваат набљудувачите од ОБСЕ.

Критики на сметка на Лукашенко и неговиот трет мандат извојуван на нерегуларен начин стигна од повеќе политичари од светот.

Генералниот секретар на Советот на Европа ,Тери Дејвис изборите ги означи како фарса.

Германскиот канцелар Ангела Меркел ја увери берлоруската опозиција во натамошна поддршка,изјави владиниот заменик портпарол Томас Штиг во Берлин.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер ги критикуваше ограничувањата во фер текот на изборите,повикувајќи ја белорсуката влада да ги почитува правата на слобода на мислењето и на протести и да не применува репресии.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Гернот Ерлер ја поздравува храброста на водачот на белоруската опозиција и претседателски кандидат Милинкевич:

-Ние навистина би морале да се надоврземе на храброста на Милинкевич,за првпат еден опозиционен политичар не дозволи да биде заплашен.Мислма дека тој ја заслужи поддршката на целата европска државна заедница,потенцираше Ерлер.

Режимот на Лукашенко не наидува на симпатии ни во САД,тие го означија него као последниот диктатор во Европа.

Напротив,руското министерство за надворешни работи не гледа никакви двојби во правилноста на претседателските избори во соседната држава.Претседателските избори во Белорусија протекоа според признатите норми,соопшти Москва.