1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции на германските парламентарци околу името на Македонија

Германските парламентарци, ги проследија случувањата околу преговорите за името кои се водеа во Њу Јорк и како што велат малку се разочарани што нема напредок. Се слушна и мислење дека со името треба да се позанимаваат и шефовите на дипломатиите на ЕУ.

Охридско езеро

Охридско езеро

Официјалната германска политика особено не се занимаваше со преговорите околу името кои Македонија ги водеше минатата недела во Њу Јорк. Дел од пратениците со кои разговаравме малку се разочарани што нема напредок, но се оптимисти за успех во наредниот круг. Генерално, меѓутоа, се чувствува влијанието на реалната официјална политика -Грција е дел од ЕУ и сите се претпазливи, иако во суштина се кршат начелата на повелбата на Обединетите нации која предвидува секоја земја да биде ословувана со името што ќе си одбере.

"Навистина, сметам дека секоја земја има право самат да одлучува кое и какво име ќе носи.Во оваа смисла не е од помош кога ОН излегува ви јавноста со некакви предлози за преговорите околу името... Второ, сегашната ситуација е целосно неприфатлива - земјата официјално да се ословива како Поранешна Југословенска Република Македонија. Моите симпатии се кон решението што го донесе американската страна - земјата да се нарекува Република Македонија" - вели Рајнер Штинер пратеник во Бундестагот од редовите на Либералите.

И Ута Цапф од фракцијата на социјалдемократите и иницијатор на ланската дебата во Бундестагот околу примената на уставното име на РМ смета дека ова е неправедно.Но, вели дека треба да се внимава да не дојде до ескалација на конфронтираноста со Фрција истакнувајки дека " Македонија даде јасни сигнали со промената на уставот, знамето и деклартирањето дека нема територијални претензии врз истоимената грчка провинција"

"Дали не може во признавањето на уставното име на РМ поголема улога да има Унијата?" - ја запрашавме Цапф.

"Секако дека можат минситрите за надворешни работи на ЕУ да се позанимаваат со ова.Мислам дека до сега за оваа тема воопшто не разговареле. Знам дека во одговорот на мојот предлог во Бундестагот стоеше дека треба да се чека одлуката на ЕУ околу името, а до тогаш да се користи ФИРОМ. Секако дека н мора да се биде внимателен поради чувствителноста на Грција и мора да се почека двете земји да донесат заедничко решение" одговори Цапф.

Очигледно и земјите на ЕУ и Германија се лојални кон Грција.Дали сепак може Германија самоницијативно ова да го симне од дневен ред Цапф е категорична дека "за официјална примена на името мора спорот да бие расчистен!

Мариане Триц, пак од партијата на зелените вели дека " канцеларот нема да го направи тоа зашто се држи до позициите на Европејците".Според неа тој го следи принципот на единственост.Кога мнозинството на Европа ќе биде на мислење да ја признае Македонија под уставното име, тоа би го направил и тој. Но, се додека Европа не е единствена околу ова и канцеларот не ќе избрзува.