1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Реакции на Вол Стрит на изборот на Буш

Повториниот избор на американскиот претседател Џорџ Буш вчeра на њујоршката берза беше проследен со добивки.

Буш, за разлика од Кери кај берзијанците важи како поблизок до економијата, па затоа вчера пред се профитираа акциите на големите американски фирми од воената индустрија и од фармацијата. За атмосферата на Вол Стрит од следниов извештај.

“Јас го поддржувам Буш, јес“.

Том Новел е брокер на Вол Стрит и како и мнозинството на паркетот, го поддржуваше Буш:

“Колку поголема победа толку подобро, но јас би бил задоволен и со тесна победа“.

Новиот стар претседател со намалувањето на даноците предизвика голема радост на Вол Стрит. Сега би сакал да ги редуцира даноците на дивидендите за 15 насто. Акциите на воената индустрија профитираа со оглед на очекувањата за натамошно зголемување на буџетот за одбрана. Од повторниот избор на Буш меѓутоа, профитираше и фармацеутската индустрија:

“Изборите дефинитивно имаа ефект врз фармацевтиката“. Кен Силверштајн токму на тоа работи на берзата во Њујорк:

“Фармацевтите се во добивка зашто Буш не дозволува увоз на такви производи од Канада и затоа профитот се зголемува“.

Имено, Буш соопшти дека нема да дозволи увоз на ефтини лекови од Канада.

Бери Бедвел претседател на калифорниското здружение на производители на овошје обајснува зошто беше фаворизиран Буш:

“Трговијата е најважната тема. Целокупното калифорниско земјоделство сака да го прошири извозот. Добро соработуваме со министерот за земјоделство Роберт Зелик за да го зголемиме уделот во светот“.

Многу аргументи зошто Вол Стрит го фаворизираше Буш, секако со поглед кон сопствениот бизнис. Но, има и такви што предупредуваат: експертот Голдман Сакс смета дека со досегашната даночна политика Буш не ќе може бргу да ги затвори огромните дупки во буџетот. Ова сознание ден по изборот го турна доларот во однос на еврото на досега најниското ниво. А, тоа нема да биде единственото влијание на изборите во САД во однос на Германија и Европа.